Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Голема полициска акција во поранешен ОХИС: Влегоа комбиња, камиони и полициски возила, локацијата под силно обезбедување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Голема полициска акција во поранешен ОХИС: Влегоа комбиња, камиони и полициски возила, локацијата под силно обезбедување
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција во поранешен ОХИС: Влегоа комбиња, камиони и полициски возила, локацијата под силно обезбедување

Објавено February 5, 2026 20:08
Сподели
Сподели

Големата полициска акција поврзана со заплената на пет тони марихуана во соседна Србија продолжува и денеска во Скопје. Како што пренесува порталот „360 степени“, попладнево десетина комби-возила, пет до шест камиони и повеќе полициски возила влегле во кругот на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведуваат оперативни активности.

Локацијата е под силно полициско обезбедување, а пристапот за јавноста е ограничен.

Според информациите, акцијата е насочена кон мрежа на т.н. легални производители на канабис, при што се вршат претреси на повеќе локации во Скопје и Струмица. Активностите се реализираат во координација помеѓу Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Акцијата следува откако српските медиуми минатата недела објавија дека дрогата запленета во близина на Крушевац била набавена од македонска територија. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Не се размислува за зголемување на даноците, кажа Ѓорѓиевски
Следна Статија Законот мора да се почитува и да има ред, вели Мицкоски по протестите за „Сејф сити“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Граѓаните ги оценија судските услуги со 3,1

Анкетата за задоволство на корисниците на судските услуги покажува дека генералната оцена за перформансот на судовите е 3,1. Во споредба…

January 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Одморалиштето „Пониква“ ќе биде отстапено за нега и рехабилитација на повредените во пожарот во Кочани

Владата следната недела ќе донесе Одлука со која одморалиштето „Пониква“ ќе му се отстапи на Министерството за здравство како објект…

June 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Градски воз, еколошки автобуси и трамвај, три клучни проекти на кои работиме за Скопје

Градски воз, замена на автобусите и трамвај, се трите проекти кои му се неопходни на Скопје за значително подобрување на…

June 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дукоски за Фрчкоски: Човечка амеба, ултра искомплексирана, до небо

Откако во јавноста беше објавено дека Љубомир Фрчкоски е обвинет за злоупотреби на мисијата на ООН, се огласи адвокатот Сашко…

May 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?