Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Само црвен килим недостигаше на приведувањето на Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Само црвен килим недостигаше на приведувањето на Груби
ПОЛИТИКА

Филипче: Само црвен килим недостигаше на приведувањето на Груби

Објавено February 25, 2026 21:57
Сподели
Сподели

Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, вели претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче.

Филипче, во вечерашното гостување во „Тема на денот“ на телевизија Сител, посочи дека начинот на кој беше спроведено приведувањето е очигледно дека има договор.

Тој вели дека според начинот на кој се појавил Груби – елегантно, мирно, смирено, со очила, со насмевка – јасно е дека тоа утро во државата „се случи целосно губење на довербата на сите граѓани“.

„Му ставија лисици луѓе што претходно беа дојдени, полицајци, не полицајците што се, кои работат на граничниот премин, имаше камера која го снимаше сето тоа, единствено нешто што недостасуваше беше црвен килим“,рече Филипче.

Според Филипче, секој што го прекршил законот треба да одговара, ама не со политички договори кои ја поткопуваат довербата во правосудниот систем.

„Да ви кажам многу јасно и гласно да знаат гледачите, да знаат граѓаните. Кој што има, нека каже. Кој го прекршил законот, нека одговара. Од која и да е политичка партија. Ама вакви монтирани и договорени политички дилови не носат верба во судскиот систем“,кажа Филипче.

Во контекст на случувањата со Артан Груби, Филипче истакна и дека контрадикторните информации од институциите дополнително ја продлабочуваат недовербата кај јавноста.

„Излезе соопштение од обвинителството дека пуштањето во домашен притвор е по интервенција и по сугестија на АНБ и МВР. Па излезе директорот на затворот којшто кажа дека ниту АНБ ниту МВР, коишто се директно контролирани од премиерот, дошле и направиле процена. Тоа не се случило. Тие помеѓу себе почнаа да си пукаат политички, не во нога, во гради и во глава. Тоа не го сакаат граѓаните. Така да договор очигледно е дека има. Кој така доаѓа на граница? Кого сте виделе насмеан да му ставаат лисици на рацете?“,нагласи Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Погледнете во засолништето на наркобосот Ел Менчо, каде што бил убиен од мексиканската полиција
Следна Статија (ФОТО) Снимка од генијот Стивен Хокинг од Девствените острови се најде во документите на Епштајн

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ДУИ се длабоко загрижени и го осудуваат нападот на редакцијата на порталот „Инфомакс

Демократската унија за интеграција ја изразува својата длабока загриженост и го осудува насилниот инцидент што се случи во редакцијата на…

December 11, 2025
ПОЛИТИКА

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ

Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, изјави министерот…

May 11, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ: Силен шамар од Брисел, Македонија лабораторија на влијанијата од српскиот свет, Русија и Кина

За ДУИ, најновиот извештај на европратеникот Томас Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи…

July 10, 2025
ПОЛИТИКА

Ѓорѓиевски: Изградба на клучка Хиподром, решение за сообраќајниот метеж на влезот во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денес одржа прес конференција во Хиподром од каде ги најави…

October 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?