Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи
ХРОНИКА

Возеле без возачка, со забрана или пијани: Приведени 14 возачи

Објавено March 22, 2026 17:32
Сподели
Сподели

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило.

Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената.

Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и Дебар возеле без возачка дозвола. Еден возач во Тетово управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, додека по едно лице во Струга, Прилеп, Чашка и Богданци управувале возило под дејство на алкохол.

Еден возач на територија на Гевгелија управувал возило со поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Празник на младоста и љубовта – Денес се празнува свети 40 маченици во Севастија, Младенци
Следна Статија Мицкоски: Владата има план и нема да дозволиме било какви осцилации во цените на прехранбените производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

55-годишен скопјанец пронајден починат во водите на Охридското Езеро

Вчера во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано…

July 25, 2025
ХРОНИКА

Вооружен грабеж во „Нептун“ во Градски парк, разбојниците се заканиле – „ако некој викне полиција сите ќе ве убиеме“

Синоќа на националната арена „Тоше Проески“ се случил обид за вооружен грабеж во продавницата за бела техника Нептун во 20.30…

November 30, 2024
ХРОНИКА

Ненадејно почина екс градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски

Поранешниот градоначалник на Крива Паланка Борјанчо Мицевски почина на 53 години. Тој беше градоначалник на општината од 2017-2021 година.Веста ја…

November 24, 2024
ХРОНИКА

Кавадарчанка измамена преку СМС, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра

Кавадарчанка била измамена преку СМС порака, за лажен прекршок и наплатиле близу 500 евра, информираа денеска од Секторот за внатрешни…

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?