Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени
МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, следуваат итни законски измени

Објавено March 24, 2026 18:35
Сподели
Сподели

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изјави дека во последните недели е забележан значителен пораст на пријави за семејно насилство, а институциите интензивно работат на системски промени и подобрување на реакцијата кон жртвите.

Тој посочи дека бројките се значајно повисоки од вообичаеното и дека јавноста треба да биде свесна дека дел од растот се должи на зголемена доверба во институциите и охрабреност на жртвите.

– Ако претходно сме имале еден до два случаја неделно, сега имаме по неколку дневно. Само викендов имавме повеќе од 10 пријави за семејно насилство. Тоа говори дека жртвите се охрабрени да го пријават насилството. Тоа говори дека на еден начин имаме побудни институции не само во делот на БЈБ и секторите за внатрешни работи при МВР, туку и во рамките на другите институции – рече Тошковски по настанот со кој беше означен почетокот на кампањата на ОБСЕ за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на малото и лесното оружје.

Министерот додаде дека ваквите бројки бараат итно дејствување од сите надлежни институции, особено во делот на зајакнување на системите за заштита и одговорност на оние кои што не постапиле соодветно.

Тошковски најави дека се подготвуваат и итни измени во законската рамка, која се однесува на семејното насилство, а процесот ќе се одвива во две фази – брзи законски интервенции и потоа целосна ревизија.

– Тоа е еден процес за кој ќе треба малку повеќе време. Ќе треба експертите од областа суштински да навлеземе не само во законската легислатива туку и во имплементирањето на веќе добрите законски решенија бидејќи имаме и добри законски решенија кои лошо се имплементираат. Секако дека на сето ова ќе треба да следува и одредено зајакнување на финансирањето од страна на државата на дел од процесите. Дополнително зајакнување на финансиски капацитети на одредени институции за да може соодветно да се одговори – рече министерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета
Следна Статија Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. На…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за…

September 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скандалот се продлабочува: Финансиска полиција ги „чешла“ јавните набавки за мазут во ЈСП

Според последните информации од терен, скандалот во ЈСП се продлабочува. Активирана е и Финансиската полиција. Во врска со проблемот со…

November 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Костадиновски: Лага и манипулација е дека со укинувањето на „балансерот“ се поништуваат правата на заедниците

Уставниот суд денеска на седница донесе одлука за укинување на „балансерот“ - алатката за вработување според национална припадност во државните институции.…

October 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?