Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана
ХРОНИКА

Почна судењето за Стојанче, сведочеше мајката на починатата Ивана

Објавено March 30, 2026 16:32
Сподели
Сподели

По воведните зборови, на денешното судење на Стојанче Јовановски, обвинет дека ја натерал сопругата Ивана да си го одземе животот во прегратка со нејзината 6-годишна ќерка Катја, прва сведочеше мајката на жртвата Ивана, Љубица Стојаноска од Скопје.

„Го викав ‘сине’, ‘синко’. Имале проблем, не знаев. Ја гледав Ивана модра по рацете, еднаш и со модро око, таа ми рече паднала од тротинет. Еднаш зетот ми се јави ноќе, Катја беше мала: ‘Тетка Љубица дојди да си ја земеш ќерка ти Ивана курвата!’ За 10 минути отидов кај нив ноќе во 1 часот. Беше многу жешко и спарно. Тој шеташе нервозно, Ивана беше многу вознемирена, ја гушкаше Катја. Беше многу лут. Ми рече збор што не можам да го кажам, еднаш го кажав само на обвинителката. Беше толку револтиран, ми кажа дека моја Ивана, твојата ќерка бара поголем да ја задоволи, а јас никогаш не го ставив кај друга жена. Покажа со раката долу, меѓу нозете”, кажуваше мајката низ што поминувала Ивана.

Сакал да ја удри, Љубица застанала меѓу нив. Сведочеше дека и другпат со боксови jа удирал додека го држи детенцето.

Дошла полиција. Ивана била исплашена. Полицијата им рекла:

„Ајде смирете се, нека биде сѐ во ред”, рекла полицијата и си заминала.

И натаму носела Ивана модринки. Секогаш велела дека паднала негде. Модринките и биле по рацете, нозете, окото.

„Се сомневав дека е тепана, ама Ивана не ми признаваше. ‘Ќе биде мамо во ред’, ми велеше кога ја прашував. А зетот никогаш не го прашав. Од Катја дознавав: ‘Бабо јас ќе ти кажам, ама не ѝ кажувај на мама. Мама вака чучнуваше доле, а тато ја шутираше. Вака горе ги ставаше мама рацете’. ‘Тато на мама ѝ вика курво, курвиште, дроља’. “, сведочеше Љубица.

За Нова година таа направила салата што ја сакала Ивана и нешто облека за ќерката и внукта и со такси отишла да им ги однесе. Пред зграда ја чекала Ивана.

„Ќерка ми се тресеше. Рече мамо бегај, ќе дојде сега Стојанче. Мамо молим те бегај, да не ти направи нешто. Тргнав накај автобуска само малку и слушнав глас од зет ми Стојанче. Еден хистеричен глас ми се закануваше. Почнав да бегам. Бев исплашена за моето дете. Таа потоа ми кажа дека салатата и благите работи за Катја ги фрлил во контејнер“, сведочеше мајката на Ивана.

И во август лани Љубица го пријавила Стојанче во полиција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
Следна Статија Горивата поевтинуваат, бензинот падна за 3 денари, дизелот останува со иста цена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Одржано подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, првото рочиште закажано за 27 март

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска се одржа подготвително рочиште за случајот „Крмзов“, кој се води против десет физички лица,…

February 4, 2026
ХРОНИКА

Силувана е жена, две лица ја грабнале – ова се деталите

Две лица од Дебарскиот регион се лишени од слобода и против нив е поднесена кривична пријава за „грабнување“ и „полов…

November 8, 2025
ХРОНИКА

МВР: Не отварајте сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и не споделувајте лични податоци

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не отвораат сомнителни линкови и датотеки прикачени во е-маил пораки и да…

December 18, 2024
ХРОНИКА

ОЈО: Ја следел од трговски центар до зградата во која живеела, па се обидел да ја силува

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна…

January 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?