Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Само дома си е дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски: Само дома си е дома
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Само дома си е дома

Објавено April 2, 2026 09:08
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски во неговото гостување во „Македонија наутро“ на МРТ изјави дека за време на периодот на транзицијата во земјава од многумина сиромашни видовме како малкумина станаа екстремно богати и затоа има големо разочарување и иселување, но испрати порака дека борбата треба да ја водиме тука затоа што само дома си е дома.

Премиерот Мицкоски додаде дека кога државата стануваше независна, кога се одвојуваше од поранешната федерација, генерациите кои сонувале за независна македонска држава, дел од нив и нивните родители тоа со живот го платиле, дел од нив завршиле во тогашните југословенски затвори затоа што имале напредни, прогресивни, промакедонски идеи и сето тоа оставило трага во македонскиот идентитет и во колективната меморија.

„Кога се случи независноста дојде транзицијата кога брутално општествениот капитал се трансформираше во приватен капитал и кога од многумина еднакви, станаа малкумина екстремно богати. Тоа остана во таа колективна меморија, голем број од нашите родители преку ноќ ја губеа својата работа, доаѓаа дома со изневерени очекувања, полни со разочарувања, со поглед кон иднината што тоа време беше неизвесен и не ја исклучувам можноста дека голем дел од нив ги советувале своите деца, така разочарани, да својата среќа ја бараат некаде надвор,“ вели премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека потоа дојде новата генерација со поинакви предизвици, но во тоа време тие кои ја водеа државата се водеа претежно од своите лични интереси и на тој начин дополнително ги разочаруваа тие генерации.

„Сето тоа е би рекол еден мозаик на случувања кои останале врежани во колективната свест и не секој тоа може да го прифати онака како што треба да го прифати, свесно трезвено и да се бори со тие предизвици. Некои за жал одлучија да заминат надвор, дел од нив останаа таму, некои има и такви примери се враќаат дома. Дел од младите мислат денеска дека веднаш таму каде ќе отидат ќе станат луѓе кои се многу успешни преку ноќ, дека тоа така ќе биде инстантно, но кога ќе се соочат со вистинската реалност тогаш сфаќаат дека се маргиналци во тие општества“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во тој контекст, премиерот Мицкоски упати порака дека колку и да е тешко, колку и да тие сеќавања, колку таа колективна меморија од минатото да притиска, да ние сме научени како народ да се бориме и треба од дома да се бориме за себе пред се, за своето семејство и нормално за својата татковина.

„Мораме повторно да ја создадеме онаа припадност кон татковината, кон идентитетот. Јас знам дека имало многу разочарувања поради исплакнати луѓе кои ја воделе државата, но тоа мораме да го надминеме, затоа што ние сме една од најмалкубројните нации во Европа и единствениот начин да успееме е ако ги почитуваме тие вредности. Ако не ги почитуваме тие вредности јас се плашам дека некоја идна наша генерација ќе се соочува со предизвикот за опстанок и дали воопшто ќе постоиме“, изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски нагласи дека Владата работи на целосна стратегија за младите и тоа е еден од врвните приоритети и не само за тоа туку и за формирањето семејство, за поддршката за родителите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Само дома си е дома – Ќе се вратат младите што заминале од Македонија
Следна Статија Гатузо утре ќе биде отпуштен?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Фото: Маж во центарот на Скопје „уловен“ како врши нужда

Во центарот на Скопје, маж кој најверојатно не можел да се воздржи, врши нужда на јавно место.  Сето ова се…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Судски совет: Овие луѓе со доверба од два проценти, повеќе не ја заслужуваат платата којашто ја земаат

Премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за најавените чекори што ќе ги преземе после празниците за разрешување на…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

На повеќе локации во Скопје денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на осуммината бранители, припадници на резервниот состав…

August 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби

Пред 4 дена Агенцијата за национална безбедност соопшти дека доставила три известувања до Јавното обвинителство за еден од своите поранешни…

September 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?