Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола – Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО) Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола – Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола – Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

Објавено April 2, 2026 15:12
Сподели
Сподели

Денес не зборуваме само за еден инфраструктурен проект. Денес зборуваме за нешто многу поголемо – за поврзување, за стабилност и за иднината на двете држави во рамките на европското енергетско семејство, посочи Мицкоски.

Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Мицкоски:

-Интерконективниот далекувод Битола–Елбасан не е обичен далекувод. Тој е симбол на една затворена празнина која со години стоеше како пречка на нашиот пат. Коридорот 8, кој треба да биде артерија на економијата, долго време имаше прекин во својата енергетска мрежа. Денес, со овој проект, таа празнина конечно се затвора.

Со изградбата на овој 400 киловолтен далекувод, долг околу 100 километри, ја воспоставуваме последната енергетска врска којашто недостасува со нашите соседи. За првпат, стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи. Тоа значи повеќе сигурност за граѓаните, повеќе стабилност за стопанството и повеќе можности за развој.

Во енергетиката нема изолирани системи. Нема затворени кругови. Секој систем дише заедно со другите. Токму затоа, оваа интерконекција не е само национален проект – таа е дел од европската енергетска мрежа. Таа подразбира баланс, сигурност и способност да интегрираме нови извори на енергија, посебно фокус ставаме на обновливите, кои се иднината.

Но, овој проект не беше лесен. Напротив – беше еден од најкомплексните со кои што сме се соочиле.

Кредитот бил обезбеден уште во 2015 година. Договорот потпишан во 2020 година. А реализацијата – речиси непостоечка. Наместо градежни активности, годините беа потрошени во преговарања, одложувања и обиди за промени на цените. Беше набавена само дел од опремата, без суштински напредок на терен.

И тука доаѓа суштинската разлика.

Ние не дозволивме овој проект да остане уште една пропуштена можност. Донесовме храбра, но неопходна одлука – да се раскине договорот кој не даваше резултати. Одлуката беше донесена по длабока анализа, со форензичка поддршка, со меѓународни консултанти и во координација со ЕБОР.

Ја заштитивме државата. Ја зачувавме инвестицијата. Повеќе од половина од веќе набавената опрема останува во сопственост и ќе се искористи. Не дозволивме ниту еден ден повеќе да се губи, ниту едно евро/денар да се потроши на страна.

Потоа следеше најтешкиот дел – рестарт на проектот кој со години стоел во место.

Се соочивме со правни, технички и организациски предизвици. Со имотно-правни прашања. Со потребата од усогласување со меѓународни стандарди и ФИДИК правила. Со обврска да го вратиме проектот во живот без да ги изгубиме веќе вложените ресурси.

И во таа цел успеавме.

Со транспарентна постапка преку системот на ЕБОР, избравме нов изведувач, согласно највисоките европски стандарди. Тоа е гаранција дека овој пат – работите ќе се движат и нема да стојат.

Овој проект денес е спасен. Рестартиран. Поставен на здрави темели.

Но, повеќе од тоа – овој проект е и порака.

Порака дека како две земји можеме да соработуваме и да носиме заедно тешки одлуки.

Порака дека знаеме да ги исправиме грешките од минатото.

Порака дека знаеме да градиме иднина.

Со овој проект, ние не градиме само енергетска врска. Ние градиме доверба кај инвеститорите, кај партнерите, кај граѓаните.

Градиме позиција на стабилен и сигурен партнер на Европа.

И затоа, денес, кога зборуваме за Битола–Елбасан, не зборуваме само за кабли и столбови.
Зборуваме за енергија што ќе ја движи економијата. Зборуваме за стабилност што ќе ги штити граѓаните. Зборуваме за иднина која ќе ја градиме заедно.

Доаѓа времето кога Македонија нема да биде на периферијата на енергетските текови, туку во нивниот центар.

И тоа време – започнува сега, рече претесдателот на македонската Влада Христијан Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари
Следна Статија Југоисточна Европа: Стратешки коридор што Вашингтон не смее да дозволи да го игнорира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бугарски непребол: Не можат да се помират зошто Шеќеринска, а не нивната Габриел

„Њамам трпение да работа с Радмила Шеќеринска“ вели во текстот на бугарски генералниот секретар на Алијансата Марк Руте, што на бугарски…

November 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Туфегџиќ до СДСМ: „На ден на годишнина од трагедијата се занимавате со Шилегов – станавте партија за жалење“

Адвокатот Владимир Туфегџиќ остро реагираше кон СДСМ по одлуката за исклучување на Петре Шилегов, посочувајќи дека ваквиот потег е несоодветен,…

March 17, 2026
МАКЕДОНИЈА

Кога Папата Франциск ја посети Македонија (ВИДЕО)

Папата Франциск ќе остане запаметен и во нашата историја како прв поглавар на Римокатоличката црква кој ја посетил Македонија. На…

April 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од денес пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум, најави Владата

Македонија се гради. Денес официјално ќе биде пуштен во употреба магистралниот пат Охрид-Св.Наум во должина од 24,3 километри, најавуваат од…

June 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?