Предметот за злоупотребите со јавни набавки во РЕК Битола и Марковски компани се сели во Основниот суд Струга, откако сите 11 судии од Битолскиот основен суд беа изземени од постапување, вклучително и претседателката на судот Татјана Петровска, поради претходно учество во постапката.
Битолска апелација одлучи судот во Струга да постапува по предметот кој првично се водеше во Битола, но судот остана без можност да формира судечки совет.
Апелациониот суд оцени дека судот Струга, кој е со проширена надлежност, има доволно судии и капацитети да постапува по предметот.
