Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија
ЕКОНОМИЈА

Имало минимален пораст на цените, покажала анализата на Министерството за економија

Објавено April 14, 2026 20:09
Сподели
Сподели

Министерството за економија и труд соопштува дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат, изработи компаративна анализа на цените на основните прехранбени и непрехранбени производи, која покажува дека во периодот од 1 февруари до 1 април годинава е регистриран минимален пораст на продажните цени, додека дел од притисокот од зголемените набавни цени е апсорбиран од трговците.

Анализата ги опфаќа цените на 55 најпродавани производи, следени во четири трговски синџири во периодот од 1 февруари до 1 април 2026 година.

-Резултатите покажуваат дека во анализираниот период е регистриран минимален пораст на продажните цени од 0,43%, додека набавните цени бележат нешто повисок раст од 1,01%. Истовремено, просечната бруто профитна маржа кај трговците е намалена од 16,28% на 15,80%, што укажува дека дел од притисокот од растот на набавните цени е апсорбиран од трговците, со цел да се задржи стабилноста на цените за граѓаните, стои во соопштението од министерството.

Во однос на поединечните категории, како што дополнуваат, кај основните прехранбени производи е забележан благ пораст од 0,45%, при што најголемо зголемување има кај кисело млеко, сирење, јајца и масло. Кај безалкохолните пијалоци е евидентиран пад од 1,01%, кај овошјето и зеленчукот има намалување од 0,86%, и покрај растот кај доматите и кромидот, а кај основните хигиенски производи е забележан пораст од 1,42%.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија САД испратија 12 брода, 100 авиони и повеќе од 10.000 војници на блокадата кај Ормутскиот теснец
Следна Статија Редок јагуар повторно забележан во планините на Хондурас

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Работниците во ФАКОМ излегоа на генерален штрајк поради неисплатени плати

Македонскиот некогашен лидер на челичните конструкции Факом со 65 годишна успешна работа, цела година на назад имаат проблеми со финансиското…

March 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам бројот на странски инвестиции драматично да се зголеми до крајот на годината

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази очекување за зголемување на бројот на инвестиции до крајот на годината. Имаме една добра инвестиција…

October 17, 2024
ЕКОНОМИЈА

За 50 проценти се намалуваат царините за околу 70 стоки: Олеснување има и за литиум-јонските батерии

На предлог на Министерството за финансии, Владата вчера на седница ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинската тарифа…

May 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме…

March 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?