Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, денеска на прес-конференција најави дека е во тек на пополнување на местата на шефови на дипломатско-конзуларните претставништва онаму каде што недостасуваат амбасадори и генерални конзули. Дел од нив, вели Муцунски, поминале на владина седница.
„Имињата не можам да ги споделам бидејќи постапката е се уште класифицирана. За сите се побарани агремани, за дел од нив имаме добиено одговор, и тоа е нормално во дипломатската практика да чекаме одговор. Природно се случува на некои амбасадори ќе им завршуваат мандатите, но работиме во некој поскорешен период да имаме целосна пополнетост на позициите шефови на дипломатско-конзуларни претставништва, од гледна точка на амбасадори и генерални конзули, рече Муцунски.
