Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници
ПОЛИТИКА

ДУИ: Власта врши политички притисок и во континуитет таргетира наши ексградоначалници

Објавено April 20, 2026 12:15
Сподели
Сподели

Демократска унија за интеграција тврди дека е мета на политички притисок од власта бидејќи, како што велат оттаму, во континуитет се таргетираат поранешни градоначалници од редовите на ДУИ, како Блерим Беџети од Сарај и Фатмир Дехари од Кичево. Реакцијата на партијата се однесува откако против двајцата ексградоначалници изминатиот период беа поднесени неколку кривични пријави.

„ДУИ не е против институционален надзор и ревизија, но силно се спротивставува на политичкиот притисок и политизираниот пристап. Ние сме за контрола и транспарентност, но не и за селективна и политички мотивирана правда, како што се случува со случаите во Сарај и Кичево“,порачаа од ДУИ.

Во рамките на четвртата седница на Генералниот совет на ДУИ, свикана од лидерот Али Ахмети, меѓу другото, се дискутирало за политичката состојба во земјата. Во оваа смисла било посочено дека постојат тенденции за нарушување на Охридскиот мировен договор, што би довело до последици за стабилноста на земјата.

„Бараме од иницијаторите и спроведувачите на овие дејствија да се повлечат од истите и да се продолжи со целосно почитување на Охридскиот мировен договор, како единствен пат кон стабилност и напредок на земјата кон целосно членство во Европска Унија“,велат од ДУИ.

Освен за политичката состојба во државата, на седницата на ДУИ станало збор и за случувањата во регионот и пошироко. Во оваа смисла било посочено дека последните избори во Унгарија, на кои се прекина долгогодишното владение на Виктор Орбан, ќе влијаат и врз Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
Следна Статија УЈП апелира: Истече рокот за даноците за 2025 – платете веднаш и избегнете повисок долг и блокади

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Анкета: Орце Ѓоргиевски и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ убедливо ќе победат во Скопје

Орце Ѓорѓиевски има поголем рејтинг од првите четворица Кандидати за градоначалник на Град Скопје заедно. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има поголема…

September 19, 2025
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: На партискиот конгрес отворивме ново поглавје на политичкото делување

ВМРО-ДПМНЕ го одржа редовниот 18-ти конгрес на кој беа потврдени досегашните успешни политики, под водство на претседателот Христијан Мицкоски, кои…

December 7, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, преку статус на Фејсбук порача дека никогаш не чувствувал завист за власта, иако…

April 13, 2025
ПОЛИТИКА

Почна средбата Мицкоски – Филипче во Влада

Средбата помеѓу лидерите на најголемите политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, започна во 14 часот. Христијан Мицкоски и Венко Филипче ќе…

April 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?