Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почина новинарката Гордана Дувњак
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Почина новинарката Гордана Дувњак
ХРОНИКА

Почина новинарката Гордана Дувњак

Објавено April 21, 2026 18:23
Сподели
Сподели

По долго боледување на 61-годишна возраст почина новинарката и уредничка Гордана Дувњак, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на политиката и правосудството.

Својата новинарска кариера Дувњак ја започна во 1988 година во Македонската радио-телевизија, каде работела две години. Од 1991 до 1999 година беше дел од редакцијата на „Нова Македонија“, по што следува долгогодишниот ангажман во „Утрински весник“, каде работеше како новинарка и уредничка во периодот од 1999 до 2017 година.

Професионалниот пат го продолжи во порталот „Макфакс“ во 2017 година, а една година подоцна стана дел од телевизијата „1ТВ“, каде исто така извршуваше уредничка функција. Од 2019 година работеше во неделникот „Фокус“.

Погребот ќе се одржи утре (среда) во 11 часот во капелата во Бутел, а во 12 часот на гробиштата во Бутел.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На Филозофски незаконски се запишувале студенти на магистерски и докторски
Следна Статија Клековски: Секој четврти граѓанин е осигуран по основ лице без приходи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пандов: Никој ништо не им смееше на групата од Диво насеље пред да дојдам, главни беа

Наркобосовите се ставени во глувчешка дупка, тие се тотално развластени, истакна Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции,…

February 4, 2025
ХРОНИКА

Струмица: Автомобил удри во малолетници кои туркале возило, две девојчиња се тешко повредени

Несреќа се случи вчера на регионалниот пат во селото Баница, струмичко, кога автомобил управуван од В.С.(38) удрил во четири малолетни…

December 5, 2024
ХРОНИКА

ЈО: Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да започне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените лица во истрагата за трагичниот пожар што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани е планирано да…

April 25, 2025
ХРОНИКА

Танчерки од Русија, Бразил, Србија и Казахстан работеле во Охрид

Во текот на денешниот ден (10 мај), полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад спроведоа акциска контрола во…

May 10, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?