Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Доаѓа топол бран од Африка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Доаѓа топол бран од Африка
МАКЕДОНИЈА

Доаѓа топол бран од Африка

Објавено May 5, 2026 11:58
Сподели
Сподели

По неколкуте студени утра и појавата на мраз и слана во делови од земјата во изминатиот период, Македонија влегува во значително потопол период. Во следните денови температурите постепено ќе растат, а за време на викендот во делови од земјата ќе се почувствува речиси летно време.

Најтопло се очекува да биде во централните и југоисточните предели, каде дневните температури може да се искачат и до 30 степени. Потопло ќе биде и во утринските часови, со што се намалуваат условите за појава на утрински мразеви и слана.

Според метеоанализата на Славчо Попоски, до крајот на седмицата целиот Балкан ќе биде под влијание на значително потопол воздушен бран од југ, односно од Африка. Тоа ќе донесе повисоки температури и стабилизирање на времето по претходното заладување.

УХМР за наредните денови најавува сончево и топло време, со температури кои во делови од земјата ќе се движат до 27 степени во средината на неделата, додека дополнително затоплување се очекува кон викендот.

Ваквиот пресврт значи дека Македонија за кратко време преминува од студени пролетни утра кон температури што повеќе наликуваат на почеток на лето. Особено топло ќе биде во Повардарието и југоисточните делови, каде традиционално најбрзо се чувствува влијанието на јужните воздушни маси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дежурни наставници на одморите ќе ги пазат учениците, по случајот на насилство во Ѓорче Петров
Следна Статија УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети даночни пријави за 2025 година

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Ангелов: Има сериозни индиции дека дел од пожарите се подметнати, вчера изгаснати 66

Вчера беа изгаснати 66 пожари на отворено, а во моментов во земјава активни се пет пожари и пет пожари се…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Владата ќе набавува 120 еколошки автобуси, 80 за Скопје

Владата најавува инвестиција во еколошки превоз.  Владата ќе набави 120 еколошки автобуси за јавен превоз, од кои 80 ќе бидат…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Mистеријата останува нерешена: 30 години од атентатот врз Киро Глигоров

На 3. октомври во 1995 година беше извршен атентат врз првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Глигоров со…

October 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Македонската естрада се простува од Владо Јаневски, еден од најголемите македонски музичари

Веста за смртта на Владо Јаневски ја потресе македонската јавност. Еден од најголемите музички автори и пејачи во земјава зад…

June 29, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?