Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновска: Не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Андоновска: Не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани
ЗДРАВЈЕ

Андоновска: Не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани

Објавено May 8, 2026 17:46
Сподели
Сподели

Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за какво било преземање активности ако има потреба.

Ова денеска го изјави директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, која рече дека хантавирусот не е нов вирус и има два типа, од кои едниот е европско-азискиот, кој е со ренални симптоми, а другиот е тој што сега е откриен на крузерот што пловел на Атлантскиот Океан, а тоа е американскиот, кој дава респираторна симптоматологија. Посочи дека граѓаните може да бидат спокојни бидејќи се информирани од СЗО дека на бродот не постои македонски државјанин, ниту како патник ниту како член на екипажот.

– Без оглед што ваков тип не е дијагностициран во моментот, се препорачува граѓаните да имаат високо ниво на хигиена, особено да избегнуваат храна од магацини, пазари, семки, сончогледи и конзерви, кои стоеле во магацини или на отворено и кои може да бидат евентуално контаминирани со некаков секрет или екстрет од страна на каков било глодач. Значи, да внимаваат особено на тоа. Како ИЈЗ препорачуваме задолжителната дератизација, што треба да ја прават општините двапати во годината, да биде спроведена адекватно и соодветно – рече Андоновска.

Потенцира дека првиот тип на хантавирус бил дијагностициран во Македонија во 2015 година и досега имало 32 случаи, од кои тројца починале.

– Пред 2015 година немало можност за докажување на хантавирусот. Од 2015 година во ИЈЗ постои можност за негово дијагностицирање. Во 2018 година имаше епидемија од хантавирусот на едно бачило во Гостиварско, каде што практично луѓето што биле таму се заразиле од глодачи. Овој што веќе сме го имале во Македонија се пренесува само од глодач на човек и не се пренесува од човек на човек и симптоматологијата му се разликува од оној што е детектиран на крузерот. Располагаме со целосна опрема, кадар и реагенси за натамошно постапување, но не веруваме дека ќе дојде до такво нешто – истакна Андоновска.

ИЈЗ, појасни Андоновска, е подготвен со протоколи доколку има потреба од каква било реакција, а воедно ги поседува потребните реагенси, опрема, кадар, методологија за дијагностика ако има потреба.

Одговарајќи на новинарско прашање, рече дека ова не е ковид.

– Ковидот беше нешто ново, а овој вирус веќе постои и имаме сознанија за него. Една од варијантитите веќе сме ја имале во државата и не се пренесува толку бргу. Дури и респираторниот, кој е докажан на крузерот, се пренесува како првиот – од глодач на човек, но постои можност за пренос од човек на човек. Ние немаме информации дали станува збор за некаква мутација, која е надвор од она што го има во книгите, но веруваме дека ситуацијата ќе биде нормализирана – додаде Андоновска.

Холандска брачна двојка и германски државјанин починаа од хантавирус на бродот „МВ Хондиус“, кој плови на Атлантикот. Потврдени се вкупно пет случаи на зараза со вирусот на бродот, а постојат уште три сомнителни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Специјалци ги ослободија заложниците од банката во Германија: Осомничените избегаа
Следна Статија Во Центар само со автобус или точак: Поскапува паркирањето, а ова се цените

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

СЗО: 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во светот имаат генитален херпес

Студијата на Светската здравствена организација (СЗО) покажува дека 20 отсто од луѓето на возраст од 15 до 49 години во…

December 11, 2024
ЗДРАВЈЕ

Изгорениците на пациентите во пожарот беа од 15 до 20 проценти, еден имаше од трет степен, вели докторка од Солун

Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на…

March 15, 2026
ЗДРАВЈЕ

Законот за заштита од пушење не се одложува – следната недела ќе биде доставен до Влада

Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. -Во…

February 16, 2026
ЗДРАВЈЕ

Зошто појадокот е најважниот оброк

Прескокнувањето на појадокот, општо гледано, не се препорачува од лекарите. Предупредувањата говорат дека прескокнувањето на првиот оброк може да доведе…

June 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?