Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни
ЕКОНОМИЈА

Намалувањето на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто ќе важи до 1 јуни

Објавено May 16, 2026 18:05
Сподели
Сподели

Владата денеска на вонредна седница до 1 јуни годинава го продолжи рокот за мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните, објави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на нејзиниот фејсбук профил.

-Мерките насочени кон ублажување на ценовните притисоци и заштита на животниот стандард на граѓаните продолжуваат со примена до 1 јуни 2026 година. Одлуката ја донесе Владата денеска на вонредна седница. Овие мерки се соодветен одговор на економските предизвици и неизвесностите со кои се соочуваат сите држави на меѓународните пазари на енергенси, напиша Димитриека Кочоска на ФБ.

Како Влада и Министерство за финансии, посочи, обезбедуваме стабилност и предвидливост, намалување на инфлаторните притисоци, поддршка на економијата и зачувување на стандардот на граѓаните.

Претходната одлука на Владата за намалување на акцизите на горивата и на ДДВ-то за бензините од 18 на 10 отсто истекува во понеделник на 18 мај. Со продолжувањето на рокот и во наредните две недели горивата ќе се продаваат по пониски цени. Воедно во понеделник истекува и рокот на попустот што го два најголемиот увозник на нафтени деривати во земјава ОКТА. ОКТА на најголем дел од бензинските станици во земјава им два попуст од три денари за продаден литар дизел гориво и од два за бензините.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Д-р Штерјова Марковска: „ДА“ за органодарителство е чин на најголемо човекољубие
Следна Статија Измамнички мрежи: Бугари и Романци доаѓаат во Германија за да живеат од социјална помош

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проблеми со градба на микро возила во САД

Економските и физичките закони речиси сигурно ќе обезбедат дека овие возила нема да успеат во САД

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Македонија ќе биде меѓу првите пет најбрзо растечки економии во Европа

Македонија ќе биде 5-та земја во Европа според економскиот раст годинава – ова се очекувањата на премиерот Мицкоски за 2025-та.…

January 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Данокот од Тему ќе донесе месечен прилив од 65 илјади евра

Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и…

October 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Експертите откриваат која криптовалута има најголем потенцијал

Аналитичарите ширум светот следат платформи кои решаваат вистински технички проблеми, а не монетите кои најмногу се издвојуваат на социјалните мрежи.…

August 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?