Лидерството на опозициската СДСМ денеска ја објави својата стратегија за борбата против корупцијата доколку победи на следните парламентарни избори. Претседателот на партијата, Венко Филипче, на прес-конференција соопшти дека се создава Фронт за вистина и правда.
Филипче најави дека првиот закон што ќе го потпише новата влада ќе биде Закон за нулта толеранција на корупција и целосна дигитална транспарентнос
„Тоа е првиот закон кој што јас како премиер на новата влада после изборите ќе го потпишам во интерес на сите граѓани и во интерес на иднината на земјата“, рече Филипче.
Според него, фронтот го сочинуваат четири столбови – нулта толеранција за корупција и европска правда, иднина за младите, достоинствен живот за сите, подобар животен стандард и силно село и земјодолци. Клучниот столб на програмата е нулта толеранција за корупција и дигитална транспарентност.
Овој столб опфаќа полна имплементација и проширување на соработката со Европското јавно обвинителство. Ние веќе имаме потпишано работен договор со оваа институција со Европското обвинителство во 2022 година. И тој договор ќе го активираме на највисоко ниво. Ќе имаме директна размена на информации, заеднички истражни тимови и техничка поддршка од Европа. Ова значи дека високата корупција, министри, пратеници, големи тендери со огромни суми на народни пари, ќе можат да ги истражуваат и европските обвинители“, рече Филипч
Во рамките на овој столб, предвидено е основање на национална антикорупциска дирекција.
Нова целосно независна институција, полна финансиска и кадровска независност, надлежност за сите, од премиер до градоначалник, до најситен функционер на локално ниво. Директорот ќе се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, за да не може ниту една политичка партија да влијае и да го контролира. Моделот е комбинација на романската ДНА, која има огромна ефикасност, и естонските дигитални алатки. Финансирањето ќе биде 60 отсто од европските пристапни фондови и 40 проценти од буџетот, плус пари вратени од корупцијата“, рече Филипче.
Како дел од столбот за нулта корупција и дигитална транспарентност е целосна дигитализација на јавните набавки, тендери и услуги, според естонскиот модел.
„Сите тендери, дозволи, сувенции и плаќања ќе се прават исклучиво преку онлајн апликација и една национална дигитална платформа. Граѓанинот или компанијата понесува барање со клик и го следи целиот процес во реално време. Нема физички контакт со службеници. Моделот е естонски, 99 отсто од услугите се онлајн и благодарение на тој модел, Естонија е една од најмалку корумпираните земји во Европа“, рече Филипче.
Во рамки на столбот ќе се воведе задолжителна електронска декларација на имот.
„Секој функционер од од премиер до најнизок функционер на локално ниво, семејство, го пријавуваат целиот имот, сметки, акиции, подаровци над 100 евра. Вештачка интелигенција, системот кој ќе користи, ги споредува со примањата. Лажна или нецелосна декларација ќе биде предметна кривична одговорност. Моделот е естонски, плус модел кој што се имплементирал во Сингапур“, рече Филипче.
Како дел од столбот нулта корупција и дигитална транспарентност е заштита и награда за свиркачи и регистар на црни листи.
„Граѓанин или вработен кој ќе пријави корупција добива 5 до 15 проценти од вратените пари, плус целосна заштита на идентитетот и неговото работно место. Има анонимен онлајн канал, а моделот е по примерот на Естонија и САД. Со јавниот регистар на црни листи, на секој осуден за корупција трајно му се забранува да врши јавна функција или да учествува на државни тендерски постапки, а ќе следуваат строги казни и конфискација на имот. Регистрот ќе биде јавно достапен онлајн. Моделот од естонската и од романската пракса“, рече Филипче.
Според лидерот на СДСМ, државата се движи кон финансиски крах, посочувајќи дека јавниот долг е зголемен за нови две милијарди евра, а парите наместо за плати, пензии и мерки се користат за „испумпување пари кон партиски фирми“ преку криминални тендер
„Практично се користат сите механизми за да се испумпуваат пари од буџетот кон партиските фирми на ВМРО, криминалната група, и ништо друго не е суштина на овој тип на задолжување во изминатите две години“, истакна Филипче.
Поради тоа што снемува пари во буџетот Владата ја задолжува земјата со нови 260 милиони евра. Тој рече дека лошото менаџирање се отсликува и во тоа што за првпат државата не успеала да го обезбеди целиот износ на побараниот заем. „За прв пат, државата не добива толку пари колку што побарала од банките. Побарале 300 милиони евра, а добиле само 260“, рече Филипче
Тој рече дека Фронтот за вистина и правда кој го сочинуваат опозициски партии, граѓански организации, невладини организации, видни интелектуалци, поединци, независни активисти.
Според лидерот на СДСМ, државата се движи кон финансиски крах, посочувајќи дека јавниот долг е зголемен за нови две милијарди евра, а парите наместо за плати, пензии и мерки се користат за „испумпување пари кон партиски фирми“ преку криминални тендер
„Практично се користат сите механизми за да се испумпуваат пари од буџетот кон партиските фирми на ВМРО, криминалната група, и ништо друго не е суштина на овој тип на задолжување во изминатите две години“, истакна Филипче.
