Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Путин се закани: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Путин се закани: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск
СВЕТ

Путин се закани: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск

Објавено May 22, 2026 18:21
Сподели
Сподели

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска му наложи на руското Министерство за одбрана да подготви предлози за одговор на нападот на украинските сили врз интернат во Старобелск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).

Тој порача дека Русија не може да се ограничи само на изјави.

Путин оцени дека станува збор за терористички напад и укажа дека е изведен ноќе, додека учениците спиеле. Според него, во нападот загинале шест лица, додека повеќе десетици се ранети.

Тој исто така наведе дека, според извештаите што ги добил од раководството на самопрогласената ЛНР, Министерството за одбрана и ФСБ, 15 лица се водат како исчезнати.

Претседателот на Русија нагласи дека нападот на украинските сили врз училишниот интернат во Старобелск во самопрогласената ЛНР не бил случаен, туку дека бил изведен во три бранови, со 16 беспилотни летала кои го гаѓале истото место. Исто така, тој рече дека во близина на интернатот немало воени објекти, објекти на специјалните служби, ниту сродни структури.

Тој ги отфрли тврдењата дека ударот можел да биде последица на дејствување на руската противвоздушна одбрана или на системите за радиоелектронска борба. Путин порача дека станува збор за директен напад на украински дронови врз цивилен објект.

Путин оцени дека на Киев му се потребни вакви напади за да го одвлече вниманието од ситуацијата на фронтот и подоцна одговорноста за последиците да ја префрли врз Русија. Тој исто така изјави дека овој напад претставува „манифестација на неонацизам и го потврдува терористичкиот карактер на киевскиот режим“.

Тој ги повика украинските војници да не ги извршуваат, како што наведе, злосторничките наредби на киевскиот режим бидејќи, во спротивно, и самите стануваат соучесници во тие злосторства.

Путин, исто така, изјави дека дезертерството во украинската војска добива катастрофални размери и дека станува масовна појава. Тој на состанокот со дипломците на програмата „Време на хероите“ рече дека овој напад уште еднаш покажува „со кого Русија си има работа и против што се бори“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ПОЧИВАЈ ВО МИР РИСТЕ ВЕЛКОВ: Македонија остана без исклучителен уметник, врвен интерпретатор и прекрасен човек
Следна Статија „Ал Арабија“: За неколку часа ќе биде објавен нацрт-договорот за примирје помеѓу САД и Иран

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Црна сабота: Колона долга 1000 километри во пресрет на годишните одмори во Франција

На автопатите во Франција денес, вкупната должина на сите редици на патиштата е забележана на 1.051,6 километри во време на…

August 2, 2025
СВЕТ

Ново правило за аплицирање за „Зелена карта“, воведува САД

Странските државјани кои сакаат да аплицираат за американската „Зелена карта“, во иднина ќе мора да ја покренат процедурата надвор од…

May 23, 2026
СВЕТ

Израелски напад на границата меѓу Либан и Сирија

Либанските власти потврдуваат дека израелските сили бомбардираа возило близу границата, при што загинаа најмалку четири лица.

February 17, 2026
СВЕТ

Кремљ за земјотресот: Се покажа дека зградите се отпорни

Земјотресот на Камчатка покажа дека овој регион беше подготвен за потрес, соопшти портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Тој додаде…

July 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?