Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, соопшти дека 23 лица биле приведени доцна синоќа по инцидентите што избувнаа по студентскиот протест во Белград, при што биле нападнати и полициски службеници.
На прес-конференција, Дачиќ изјави дека полицијата реагирала со „минимална употреба на средства за принуда“, и тоа дури откако биле нападнати од групи демонстранти. Според него, во инцидентите имало и повредени полицајци.
— Luka Pesic (@LukaPes13010586) May 23, 2026
Тој нагласи дека и покрај претходните апели протестот на плоштадот Славија да помине мирно, јавниот ред и мир биле сериозно нарушени.
– Се случија неиспровоцирани напади врз полицијата – изјави Дачиќ.
Hapšenje mladića kod Beograđanke pic.twitter.com/DQcmxEveCQ
— zoomer (@zoomer_rs) May 23, 2026
Во меѓувреме, српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека студентите во блокада „ја покажале својата насилна природа“, а не политичка програма.
Hapšenje kod SKC-a, ceo kordon oko mladića koji je na podu. pic.twitter.com/H4hxc97vfS
— Mašina (@MasinaRS) May 23, 2026
Во видео порака објавена на Инстаграм, Вучиќ порача дека насилството испраќа лоша слика за Србија во светот.
– По вечерашното насилство од страна на блокадерите на улиците на Белград, уште еднаш ги повикувам на дијалог – изјави Вучиќ.
Протестот, организиран од студентите во блокада, започна мирно во центарот на Белград и траеше од околу 18 до 20 часот. На собирот присуствуваа десетици илјади граѓани, а студентите презентираа дел од својата програма поврзана со образованието, економијата, правдата и институционалните реформи.
Инцидентите избувнаа околу половина час по завршувањето на главниот дел од протестот, во близина на Пионирски парк. Според српските власти, мала група маскирани лица фрлала пиротехнички средства и други предмети кон полицијата, по што следувала интервенција.
Од друга страна, студентите во блокада тврдат дека десетици лица биле претепани и приведени, а неколку студенти завршиле во Ургентниот центар и во полициски станици.
Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека сите лица кои нападнале полицајци ќе бидат идентификувани и кривично гонети.
Во јавноста се појавија и различни проценки за бројот на присутни на протестот. Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, изјави дека на протестот имало околу 34.300 граѓани.
Сепак, организацијата Архив на јавни собири соопшти дека според нивните анализи, собирот бил „меѓу најголемите студентски собирања досега“ и предупреди на можни манипулации со бројките.
