Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > „Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје
ЕКОНОМИЈА

„Кроација ерлајнс“ ги крати летовите кон Скопје

Објавено May 26, 2026 20:30
Сподели
Сподели

Според специјализираниот портал „Екс ју авијација“, „Кроација ерлајнс“ продолжува со намалување на бројот на летови на маршрутите од Загреб кон Скопје и Сараево, како дел од пошироките мерки за рационализација на мрежата поради зголемените трошоци во авиоиндустријата.

Во текот на јуни, авиокомпанијата ќе реализира во просек по седум летови неделно на линијата Загреб – Скопје, што претставува намалување во однос на минатогодишните девет летови неделно во истиот период. Истовремено, на маршрутата кон Сараево ќе има меѓу девет и десет летови неделно, додека лани бројката изнесувала единаесет. Од порталот наведуваат дека намалувањата започнале уште во текот на зимската сезона, а веќе се планирани и дополнителни кратења за претстојниот зимски распоред на летање.

Според анализите на порталот, превозникот се соочува со сериозни финансиски предизвици, пред сè поради ненадејното зголемување на цените на млазното гориво, што влијаеше врз оперативните трошоци на авиокомпаниите низ Европа и светот. Поради тоа, „Кроација ерлајнс“ во следниот квартал ќе откаже околу 900 летови на повеќе дестинации, со цел да ги намали загубите и да ја оптимизира искористеноста на флотата.

Дополнителен удар за воздушното поврзување на Скопје претставува и најавеното повлекување на „Луфтханза“ од линијата Франкфурт –Скопје. Од 1 јуни, компанијата престанува со директните летови меѓу двата града, по повеќе од три години присуство на македонскиот пазар. Наместо тоа, на патниците ќе им бидат понудени алтернативни конекции преку Виена, преку подружницата „Аустрија ерлајнс“.

Во меѓувреме, македонските власти најавуваат нови обиди за проширување на авиомрежата. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, изјави дека во следниот период ќе бидат воведени пет нови авиолинии.

Според најавите, „Аустрија ерлајнс“ ќе воспостави директна линија Виена – Охрид, додека во јуни треба да стартуваат и летови од Краков и Вроцлав во Полска кон Охрид. Дополнително, ќе бидат отворени и сезонски линии од Палермо на Сицилија и Алгеро на Сардинија кон скопскиот аеродром.

Николоски истакна дека овие нови линии се отвораат во период кога светската авиоиндустрија се соочува со една од најголемите кризи досега. Тој додаде дека, по неуспешните преговори со „Рајанер“, Владата продолжува разговори со други заинтересирани авиокомпании за воведување нови дестинации од македонските аеродроми.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЈПДП: Се укинува наплатата со МКард на лентите за МТАГ за да нема застој во сообраќајот
Следна Статија ДНК анализата потврди: Телото најдено во буре е на српскиот мафијаш Баја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BlogБАЛКАНЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАСВЕТ

Продажбата на автомобили во ЕУ опаѓа а во Македонија расте

Good web design has visual weight, is optimized for various devices, and has content that is prioritized for the medium.…

September 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Започнуваме со изградба на автопатот Гостивар – Букојчани, од Скопје до Охрид ќе се патува за час и половина

После 50 години зборување и најави започнуваме со реални работи на терен за изградба на автопатот Гостивар-Букојчани, најтешката траса од…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Групацијата 4iG го поздравува започнувањето на јавните консултации на АЕК за нов мобилен оператор

Групацијата 4iG ја поздравува одлуката на Агенцијата за електронски комуникации на Македонија (АЕК) да иницира процес на јавна консултација за…

April 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Нова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансии

Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот…

November 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?