На магистралниот пат Штип–Делчево, во близина на местото викано „Компосара“, синоќа се случила тешка сообраќајна несреќа во која животот го загубил 42-годишен мопедист од Кочани.
Како што соопшти Министерство за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 25 мај во 21:23 часот во ОВР Кочани.
Во несреќата учествувале товарно возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(48) од Виница и мопед без регистарски ознаки, управуван од А.Ѓ.(42) од Кочани.
Од здобиените повреди, мопедистот починал додека бил пренесуван кон болницата во Кочани, каде лекар констатирал смрт.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Кочани.
