Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Верниците го започнуваат Петровденскиот пост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Верниците го започнуваат Петровденскиот пост
МАКЕДОНИЈА

Верниците го започнуваат Петровденскиот пост

Објавено June 8, 2026 10:33
Сподели
Сподели

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар, денеска започнува Петровденскиот пост, посветен на светите апостоли Петар и Павле, и кој претходи на празникот Петровден, што се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од датумот на Велигден, поради што неговото траење варира – од една седмица и еден ден, па сè до околу шест недели. Тој започнува по празникот Педесетница (Духовден), кој е подвижен празник и зависи од Велигден.

Постот е еден од четирите повеќедневни пости во Православната црква – Велигденскиот, Петровденскиот, Богородичниот и Божиќниот пост.

Неговата цел, според црковното учење, е духовно и телесно прочистување. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, додека духовниот пост подразбира воздржување од лоши мисли, зборови и дела, како и практикување покајание и љубов кон Бога и кон луѓето.

Петровденскиот пост има корени во раната историја на Црквата и е поврзан со подготовката на верниците за мисионерската служба на апостолите. Според црковното предание, тој бил воспоставен како духовно продолжување на празничниот период по Пасха, со цел засилување на духовниот подвиг.

Според црковните правила, постот е поблаг во однос на Великиот пост: во понеделник, среда и петок се практикува строг пост, во останатите денови е дозволена употреба на масло, додека за викендите е дозволена и риба. Во одредени празнични денови се применуваат ублажувања на постот, а дополнителни олеснувања се предвидуваат и за семејни празнувања, со благослов на духовник.

Постот завршува на 12 јули, на празникот на светите апостоли Петар и Павле (Петровден).

„Сетилниот пост од храна не можеме да го запазиме, како што го пазеле нашите отци и учители, но дури и да го запазевме, каква полза ќе имаме без духовниот пост, за кого Црквата ни вели: ‘да постиме со пост духовен, благопријатен на Господа’“, се наведува во црковните стихири од Триодот.

Во тие поуки се истакнува дека верниците треба да се трудат, спомнувајќи си за своите гревови, пред сè да имаат „срце скрушено и смирено“ (Пс. 50, 19), да не обрнуваат внимание на туѓите недостатоци и да не ги судат другите, туку да се фокусираат на сопствените слабости и да не дозволат страстите да преминат во дела, според учењето на преподобен Макариј Оптински.

Во дополнителна забелешка се посочува дека постот во понеделник, како и општо практикувањето пост во тој ден, потекнува од монашката традиција во древните византиски манастири. Освен средата и петокот, монасите започнале да постат и во понеделник, ден посветен на ангелите во православното богослужение.

Монашкиот начин на живот се смета за „ангелски образ“ на живеење, како стремеж кон уподобување на бесплотните сили. Поради тоа, постот во понеделник останува дел од монашката пракса и во многу црковни традиции, но не претставува задолжителна обврска за сите православни христијани.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Им се допреле ретровизорите при возење, па тргнале да убиваат: Ќе им се суди на двајца браќа од Шишево
Следна Статија На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Филков: Правиме напори пет од реформските законски да влезат во собраниска процедура до 23-ти месецов

За пет од осум закони од првиот пакет закони од Реформската агенда со рок до јуни, 2025 година Министерството за…

June 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Од кај бе, Венко?“ му вели Боки за џипот, па му додава „Знам јас, од пликцињата што си ги делеше со струмичкото шлапатало“ (ВИДЕО)

Во видео посветено до Венко Филипче, Бојан Јовановски – Боки 13 го прашува лидерот на СДСМ и побратим на Зоран…

November 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

ДКСК потсетува на забраните за вработувања и за трошењето буџетски пари пред локалните избори

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ги потсети сите државни институции, политичките партии, учесниците во изборниот процес и…

August 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ФОТО) Кој му даде на Васил Јованов мобилен телефон во Шутка?

Отакако на социјалните мрежи се појавија фотографии од Васил Јованов човекот кој ја прегази Фросина Кулакова , како во затворот…

February 1, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?