Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: УХМР: Пороен дожд, грмежи и ветер во делови околу Македонски Брод и Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > УХМР: Пороен дожд, грмежи и ветер во делови околу Македонски Брод и Кичево
МАКЕДОНИЈА

УХМР: Пороен дожд, грмежи и ветер во делови околу Македонски Брод и Кичево

Објавено June 10, 2026 18:39
Сподели
Сподели

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево зафатија делови во околината на Македонски Брод и Кичево.

Според радарската слика од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нестабилност има во планинските региони во западните делови. Северозападно од Македонски Брод има развој на нестабилна облачност со правец на движење северозапад-југоисток од која има пороен дожд.

Исто така, од УХМР велат дека нестабилност со пороен дожд и појава на грмежи има и во западните и југозападните планинските региони.

Во временската најава од УХМР се вели дека утре ќе се задржи топло време, а попладне, во текот на ноќта и во петок претпладне ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На некои места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд со над 15 литри на квадратен метар и услови за невреме со појава на град.

Од УХМР велат дека во петок ќе дува засилен, вдолж Повардарието повремено силен ветер од северeн правец со над 60 километри на час, а дневната температура ќе опадне од 5 до 7 степени. Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и посвежо. Од понеделник температурите повторно ќе бидат во пораст.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарија да ги отвори вратите за ЕУ, изјави Муцунски во Софија
Следна Статија Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Рама од Скопје : Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама, од Скопје каде што се одржува самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, нагласи дека…

July 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Во училиштата нема место за какво било насилство, ја јакнеме законската заштита и со сет механизми се справуваме со несоодветни однесувања

Насилството и училиштето не одат заедно. Министерството за образование и наука е посветено да ги заштити децата и младите, преку…

November 24, 2024
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Првите критични 72 часа ги минавме без нови смртни случаи

Министерот за здравство Арбен Таравари информира дека денеска е последниот транспорт на пациенти кои ќе се лакуваат во странство, од…

March 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Автобус на ЈСП се запали во Сопиште (ВИДЕО)

Автобус на Јавното Сообраќајно Петпријатие (ЈСП) денеска се запали во Општина Сопиште. Според очевидци, автобусот е во близина на приватни…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?