Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски на гости кај Ердоган
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски на гости кај Ердоган
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на гости кај Ердоган

Објавено June 13, 2026 17:05
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски сподели на Фејсбук дека остварил средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

-Денес остварив билатерална средба со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, на која беше потврдена традиционално блиската, пријателска и стратешка соработка меѓу двете држави.

На средбата беше изразено заедничко задоволство од одличните политички односи, кои се темелат на меѓусебна почит, доверба и искрено пријателство меѓу двата народа. Разговаравме за можностите за дополнително продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена, нови инвестиции, како и за унапредување на соработката во областа на инфраструктурата, енергетиката, туризмот, образованието и одбраната.

Ја нагласив важноста на Турција како значаен економски и политички партнер, истакнувајќи дека Владата останува посветена на создавање поволна и предвидлива деловна клима за нови турски инвестиции и отворање нови работни места.

Претседателот Ердоган ја потврди поддршката на Турција за развојот и просперитетот на Македонија, како и подготвеноста за понатамошно зајакнување на билатералните односи во сите области од заемен интерес.

Во рамки на разговорите беа разменети мислења и за актуелните регионални и меѓународни предизвици, при што беше нагласена потребата од стабилност, соработка и економски развој на регионот.

Изразивме уверување дека односите меѓу двете пријателски држави ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика во периодот што следува, напиша премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јакимовски сѐ уште не ја добил пресудата, но му ја врачиле поканата за во затвор
Следна Статија Синот го земал службениот пиштол од таткото и се заканувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски од РЕК: Честит празник Св. Богородица, почит за рударите кои јуначки работат и создаваат

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на РЕК Битола од каде на сите православни христијани им го честиташе големиот…

August 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Со резолуцијата за црвените линии – јазикот, идентитетот и историјата не се предмет на преговори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите истакна дека во нивната предлог-резолуција за црвените линии јасно кажуваат…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пешевски: Кацарска со пресудите за „27 април“ го погреба правосудство, ама доби награда да биде уставен судија

Од процесот за „27 април“ изминува осмата година. Овој настан сѐ уште за некои е терористички напад, а за некои…

August 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад во Долно Лисиче,

Општина Аеродром покажа дека нема толеранција, казна од 20.000 евра за незаконско фрлање на отпад. При вонреден инспекциски надзор во…

May 11, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?