Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
МАКЕДОНИЈА

Осум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

Објавено June 17, 2026 10:26
Сподели
Сподели

Во малото грчко село Нивици (Псарадес), на брегот на Преспанското Езеро на територијата на Грција, пред осум години, на 17 јуни 2018 година, Скопје и Атина го потпишаа Договорот од Преспа, со кој беше ставен крај на долгогодишниот билатерален спор меѓу двете земји.

 

Со договорот, тогашната Република Македонија го промени своето уставно име во Република Северна Македонија, Грција го призна македонскиот јазик и македонскиот идентитет, а земјата стана членка на НАТО. Воедно, значително се интензивираше и билатералната соработка со јужниот сосед.

 

Договорот беше резултат на неколкумесечни интензивни преговори меѓу двете страни, во период кога во Грција на власт беше СИРИЗА, а во Македонија СДСМ. Документот го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, како и посредникот Метју Нимиц и високи претставници на Европската Унија и меѓународната заедница.

 

Нешто повеќе од три месеци по потпишувањето, на 30 септември 2018 година, граѓаните беа повикани на референдум да одговорат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“.

 

Излезноста на референдумот изнесуваше 36,91 отсто, при што 91,47 проценти од излезените гласаа „за“, а 5,64 проценти „против“. Сепак, референдумот не беше успешен, бидејќи не беше достигнат потребниот цензус од над половина од вкупниот број запишани избирачи.

 

Договорот од Преспа беше резултат на преговори што траеја речиси 27 години, со различен интензитет, периоди на застој и повторно активирање, особено по 2017 година кога процесот доби нова динамика и доведе до конечното решение.

 

И покрај промените на власт во двете земји, договорот остана на сила и во изминатите години придонесе за засилена соработка во повеќе области, меѓу кои економијата и енергетиката. Атина останува силен поддржувач на европската перспектива на земјите од регионот, вклучително и на Северна Македонија.

 

Во октомври 2021 година, претседателот Стево Пендаровски беше првиот македонски шеф на државата кој ја посети Грција, додека во април 2019 година тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас престојуваше во Скопје, што беше прва посета на грчки премиер по потпишувањето на договорот.

Сепак, во последниот период се забележува отсуство на билатерални средби на највисоко ниво меѓу актуелните политички лидери на двете земји, како и непостоечки или одложени официјални посети на државно ниво.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар
Следна Статија Европскиот парламент треба да гласа за извештајот на Томас Вајц за Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Владата ќе бара репреговарање на договорот за хеликоптерите „Леонардо“

Координативно тело за арбитражни постапки во Владата избира адвокатска куќа за разговори на Министерството за одбрана со италијанската компанија „Леонардо“.…

March 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам да биде избран обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не на владата на СДСМ и ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека очекува да биде избран јавен обвинител кој ќе биде заштитник на правдата, а не,…

February 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ако извештајот на Вајц не помине и на 24 јуни, тогаш проблемот не се Бугари во Уставот, туку македонскиот идентитет и јазик

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека најголем дел од европратениците, пред се, оние кои се залагаат за вистинските европски вредности,…

June 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Денеска се избира новиот Јавен обвинител

Собранието денеска треба да ја одржи 94. седница на која на дневен ред е предлогот Ненад Савески да биде избран…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?