Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија

Објавено June 17, 2026 10:58
Сподели
Сподели

Под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, ВМРО-ДПМНЕ денеска одбележува 36 години постоење. По овој повод на стадионот „Младост“ во Струмица ќе се одржи голем народен собир.

Собирот ќе почне во 20:00 часот, а партијата ги повикува сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот, работата и љубовта кон татковината, да дојдат и заеднички да покажат дека Македонија има сила, енергија и народ кој верува во својата иднина.

Пред 36 години беше создадена идеја која стана симбол на борбата за слободна, независна и достоинствена Македонија – идеја која ги обедини сите оние кои веруваа дека оваа држава има право на сопствен пат, на сопствен глас и на сопствена иднина. Денес, 36 години подоцна, го одбележуваме патот што заедно го изодевме, сите предизвици што ги надминавме и сите победи кои ги остваривме како народ. Во овие 36 години имавме и тешки моменти и големи искушенија. Имаше периоди кога требаше да се брани државата, кога требаше да се зачуваат националните интереси и кога требаше да се покаже карактер и истрајност. Државата кога беше одземена и требаше да стане повторно ваша. Секогаш кога било најтешко, силата доаѓала од народот. Од граѓаните кои верувале во Македонија и кои никогаш не се откажале од неа, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски во видео порака.

Според Мицкоски, денес партијата гледа напред, зборува за за развој, за економски раст, за нови инвестиции, за подобри плати, за модерна инфраструктура, за подобро образование, здравство и институции кои работат во служба на граѓаните.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, на прес-конференција рече дека изминатите 36 години беа проткаени со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено.

Ова е ден кога ја одбележуваме историјата која не обврзува и иднината која доаѓа. Точно пред 36 години се создаде идеја која беше, која е, и која ќе биде водилка која не обединува сите нас, сите кои сме за Македонија која има сопствен пат и сопствена иднина. Во среда, 36 години подоцна, ќе го одбележиме патот кој го минувавме заедно и ќе се потсетиме на сите предизвици на тој пат. Факт е дека оттогаш до денес за Македонија и за граѓаните патот не беше лесен. Но, патот беше проткаен со единствена идеја – независна и силна Македонија, Македонија која чекори достоинствено – истакна Ковачки.

И тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ сега е фокусира на иднината на Македонија и нејзините граѓани.

-Затоа одлучно работиме на подобар стандард на граѓаните, на развиена економија, на отворена соработка, одлучно работиме за подобра Македонија која достоинствено чекори кон ЕУ. Пораката „Македонија забрзува. Наша обврска”, ја нагласува посветеноста на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, институциите и на граѓаните за забрзување на реформите за да се надминат застоите од минатото и заеднички да изградиме просперитетна Македонија, потенцира Ковачки и подвлече дека на собирот се добредојдени сите членови, симпатизери, поддржувачи и граѓани кои веруваат во напредокот на државата.

Ова е момент, дополни генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, кога граѓаните треба да покажат дека заедно можат повеќе и подобро и дека најдобриот период за Македонија допрва доаѓа.

На 17 јуни 1990 година беше одржано Основачкото собрание на ВМРО-ДПМНЕ во Домот на младите во Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Бугарската Фондација „Македонија“ в недела ќе ги блокира трите гранични премини со земјава
Следна Статија СДСМ: ЗНАМ е сателит на ВМРО-ДПМНЕ, Димитриевски остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

СДСМ: Претседателката не го потпиша указот за Законот за заштита на децата

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) попладнево објави дека претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, не го потпишала указот за Законот за…

January 5, 2025
ПОЛИТИКА

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?

Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе…

July 13, 2025
ПОЛИТИКА

Лимани е за предвремени избори: Јас и ВЛЕН одамна завршивме

Министерот за социјална политика, Фатмир Лимани, изјави дека не е против предвремени избори и според него, колку побрзо се одржат…

May 6, 2026
ПОЛИТИКА

Тошковски: Сулуда имагинација е дека МВР ќе шпионира ако се воведе паметен систем за жртвите на семејно насилство

Со еден ваков паметен систем, државата знае каде е жртвата во истиот момент, кои се најблиските полициски службеници што може…

May 26, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?