Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити
ПОЛИТИКА

Кога има мнозинство од 78 пратеници, непотребно е да се размислува за предвремени избори, тоа е само трошок, вели Меџити

Објавено November 4, 2024 14:40
Сподели
Сподели

Нема логика да се организираат предвремени парламентарни избори кога има стабилна влада, а оваа Влада е најстабилна од 90-тите години до сега и има мнозинство од 78 пратеници, кое наскоро ќе надмине и 80, оцени денеска првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити.

-Од 90-тите до сега немало постабилна влада и немало поголемо мнозинство од ова – 78 и тоа расте и сигурно за кратко време ќе надмине и 80 што е две третини од Собрание. Тоа е доволен коментар. За државата и за граѓаните кога имаш мнозинство од 80 пратеници непотребно е да се размислува за предвремени избори, бидејќи тоа само е трошок за државата и губење време, рече Меџити во одговор на новинарско прашање при денешната посета на депонијата Дрисла во Скопје.

Тој нагласи дека организирањето предвремени избори не е добро, бидејќи најмалку шест месеци пред и после изборите запираат сите постапки, сите јавни набавки, вработувања.

-Тоа влијае многу на економијата и на бизнисот. Затоа мислам дека нема да бидат среќни да има предвремени избори тие што сакаат да работат, односно бизнисот во оваа држава, потенцира Меџити.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поевтинуваат горивата
Следна Статија Пензионирани полицајци одавале службени тајни на криминалната група „Дуќанџик“ од Грчец

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Лефков: Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да биде конкурентна за следните избори

Пратеникот Битиќи призна дека СДС нема да бидат конкурентни на следните избори, рече Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.…

March 7, 2026
ПОЛИТИКА

Државата финансира над 60 партии без реална политичка тежина, од државната каса се делат милиони без гаранција за резултати, велат Независни за Карпош

Во држава која важи за сиромашна, задолжена и со масовна емиграција, политичките партии добиваат милиони евра од нашиот буџет —…

September 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Мора да има одговорност за упропастениот град и оставениот хаос

Скопје денес е загубен во дневната политика, а жртва се граѓаните. Лоцирање одговорност мора да има за упропастениот град и…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Александар Мечка Инфомакс на координација со Заев (ВИДЕО)

Додека во Македонија трае седумдневна жалост за трагедијата во Кочани во која загинаа 59 лица, поранешниот премиер Зоран Заев не…

March 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?