Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево излезе со вонредно известување за развој на нестабилно време во неколку региони низ државата.
Според официјалните метеоролошки набљудувања, нестабилната облачна маса која претходно беше лоцирана во Кривопаланечко веќе се стратифицира, но истовремено се формираат нови активни јадра во други делови од земјата.
Како што информираат од УХМР, во моментов на територијата на Македонија се забележуваат повеќе јадра од кои североисточно од Кичево и северно од Скопје има појава на пороен дожд, засилен ветер, ретки грмежи и град.
Од Управата будно ја следат состојбата на терен и најавуваат соодветни ажурирања доколку облачните маси го променат својот правец или интензитет во следните часови.
