Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски му порача на Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски му порача на Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла
ПОЛИТИКА

Мицкоски му порача на Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла

Објавено June 25, 2026 13:29
Сподели
Сподели

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес на седницата во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на претседателот на опозицијата Венко Филипче му порача дека причината поради која граѓаните планираат да ја напуштат Македонија, не е недостаток на перспектива, туку недоверба во правдата и институциите, бидејќи како што рече го гледаат токму Филипче и поранешните функционери од СДСМ како уживаат на Харис Џиновиќ во Дубаи и на јахти, наместо да се најдат позади решетки и да одговараат.

Велите секој трет човек планира да ја напушти Македонија, но знаете ли зошто? Затоа што ве гледаат вас во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ, а не сте во затвор. Затоа што гледаат таму како уживаат поранешни функционери на јахти, а не се во затвор и да дадат одговор зошто се таму. Е затоа се разочарани луѓето кога ќе ве видат како се смеете позади решетки, тогаш ќе бидат среќни и задоволни затоа што правдата дошла“, рече Мицкоски и додаде:

„И последно тука ќе завршам. Јас признавам дека сум виновен, тоа што поминаа две години, а вие уште уживате на јахтите во Паљури, наместо на друго место. Признавам дека сум виновен. Но, исто така ве гледам во очи и ви ветувам дека нема повеќе да ги разочаруваме македонските граѓани како поранешни функционери уживаат на јахти и во мелосот на Харис Џиновиќ. Ете тоа е желбата на народот“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Колку мед можете да изедете за една минута?
Следна Статија Голманот што му одбрани пенал на Марадона се извини што играл за Југославија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Лефков: За земени кредити и нереализирани капитални проекти поради неспособноста на владата на СДС, државата платила 25 милиони евра камата

Пратеникот во македонското Собрание и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков во „Утринско Еспресо“ на радио Лидер, рече дека…

October 24, 2024
ПОЛИТИКА

Османи не би коалицирал со тие што ги поткопуваат правата на Албанците во Македонија

Потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи, реагираше на обвинувањата од коалицијата Влен, оценувајќи дека тие, според него, се обидуваат официјалните дипломатски…

July 17, 2026
ПОЛИТИКА

Сајкоски определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски е определен за претседател на Републичкиот изборен штаб на партијата за локалните избори. Тој…

June 14, 2025
ПОЛИТИКА

Демант и од Владата: Семејството на Мицкоски не патувало со службениот авион, обвинувањата на СДСМ се лажни

Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на Премиерот Христијан Мицкоски патувало до Сплит, Хрватска. Службениот авион стар 20…

February 19, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?