Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд
БАЛКАН

Дел од обиколницата кај Солун ќе биде затворен цел викенд

Објавено June 25, 2026 15:52
Сподели
Сподели

Граѓаните кои викендов ќе патуваат кон грчките туристички места, особено кон Халкидики, треба да бидат подготвени за изменет режим на сообраќај и можни подолги задржувања во близина на Солун.

Грчките власти информираа дека поради градежни зафати за изградба на нов надвозник, дел од обиколницата околу Солун привремено ќе биде затворен за сообраќај во двата правци.

Според најавите, коловозот во западниот правец, односно кон центарот на Солун, нема да биде во функција од петок, 26 јуни, од 23 часот, па сè до недела, 28 јуни, до 23 часот.

Во истиот период ќе биде затворен и источниот правец, кој води кон аеродромот и туристичките места на Халкидики.

Дополнително, надвозникот што ги поврзува Пилеа и Панорама ќе биде затворен од сабота, во 05 часот наутро, до недела, во 23 часот.

Во текот на ограничувањата, возачите ќе бидат пренасочувани по алтернативни сообраќајници низ урбаното подрачје на Солун, поради што се очекува зголемена фреквенција на возила и создавање метеж, особено во шпицот на туристичката сезона.

Надлежните служби препорачуваат патниците навреме да го испланираат своето патување, да се информираат за алтернативните рути и да предвидат дополнително време за патување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Храбриот Зеленски се снаоѓа прилично добро во војната со Русија
Следна Статија Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Поранешниот претседател на Албанија Илир Мета обвинет за корупција и перење пари

Специјалното обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал (СПАК) во Албанија ги заврши истрагите и поднесе обвинение против поранешниот…

May 28, 2025
БАЛКАН

Во вторник се отвора првиот кластер со што почнуваат преговорите за членство на Албанија во ЕУ

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) го усвои Заедничкиот став на Унијата за отворање…

October 12, 2024
БАЛКАН

Уапсен „грчкиот Ескобар“, запленет брод полн со кокаин

Таканаречениот грчки Ескобар беше уапсен во Катерини поради брод полн со кокаин кој беше запленет во Атлантскиот Океан. Неговиот брод…

December 15, 2025
БАЛКАН

Дали Србинката Ана е убиена од сопругот Брајан Волш- телото не е најдено, а ДНК резултатите ќе бидат готови наскоро

Судењето на Брајан Волш, обвинет за убиството на Ана Волш од Белград, беше одложено за 2 декември, бидејќи одбраната бараше…

October 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?