Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Уапсена професорка на универзитетот во Штип за мито од 300 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Уапсена професорка на универзитетот во Штип за мито од 300 евра
ХРОНИКА

Уапсена професорка на универзитетот во Штип за мито од 300 евра

Објавено June 30, 2026 14:20
Сподели
Сподели

Професорка на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е лишена од слобода под сомнение дека побарала и примила поткуп од студент за да му овозможи да положи испит.

– Вчера во 11:45 часот во Штип, полициски службеници од штипскиот Сектор за внатрешни работи ја лишиле од слобода Т.А., 39-годишна штипјанка, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „примање поткуп“. Претходно, на 22.06.2026, К.Б., на возраст од 26 години од Турција, со привремен престој во Штип, студент на Универзитетот „Гоце Делчев“, пријавил дека А.Т. му побарала 300 евра за да положи испит што дополнително ќе го полагал на 29.06.2026 – соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Преземени биле мерки во координација со Основното јавно обвинителство – Штип и на К.Б. му биле предадени крим технички обработени три банкноти од по 100 евра. Како што информираа од МВР, полициски службеници ја лишиле од слобода Т.А. веднаш откако ги примила парите.

– Таа е задржана во полициска станица, парите се одземени и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава – информираа од МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Белгија станува нарко држава контролирана од балканскиот картел
Следна Статија УГД-Штип по приведувањето на професорката: Имаме нулта толеранција за корупција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Пронајдени мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица

Десет мигранти во две товарни возила биле пронајдени вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки…

December 29, 2024
ХРОНИКА

Во Нови Пазар приведен државјанин на Македонија осомничен дека крадел пари од џамии

Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на  Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични…

May 5, 2026
ХРОНИКА

ОЈО поведе постапка: Притвор за зетот на Зоки Фаци, со бензин ги полеал влезните врати на викендицата и станот и ги запалил

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност според член 288 став…

May 3, 2025
ХРОНИКА

Не ја турнал од балконот, но ја навел на трагичен исход: Обвинителството бара максимална казна за Стојанче Јовановски

Обвинителката Адела Бојчевиќ во завршните зборови побара максимална казна за Стојане Јовановски, кој се товари за три кривични дела поврзани…

April 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?