Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Се укинува ресорот за добро владеење во Владата

Објавено June 30, 2026 19:16
Сподели
Сподели

Заменик-претседател за добро владеење повеќе нема да постои како ресор во Владата, туку тоа портфолио отсега ќе биде директно под ингеренции на претседателот на Владата. Ова во интервју за Телма го соопшти премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во пресрет на вечерашната седница на Извршниот комитет на партијата, по која се очекува официјализирање на политичкиот договор помеѓу лидерите на владините партнери.

Мицкоски вели дека концептот на ресорот за добро владеење е добар и според него би бил најпродуктивен ако е дел од премиерскиот кабинет.

„Претпоставувам се прашувате зошто не се спомнува заменик-претседателот на Владата за добро владеење – ресор кој по природата на нештата треба да го предложи ВМРО-ДПМНЕ. Ценам дека како концепт е добар и дека можеби би бил најпродуктивен ако биде дел од мојот кабинет. Во мојот кабинет има секретар што е задолжен за следење на реализација на програмата на Владата и на владините политики, па оттука ценам дека би бил соодветен да биде одговорен и за добро владеење. Мислам дека еден член помалку во Владата на ниво на потпретседатели би било нешто што можеме да го претставиме пред јавноста“,изјави Мицкоски во емисијата „Директно“ на телевизија Телма.

Дополнително, како што кажа премиерот, членовите на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва ќе ги информира и дека во полн ек се водат преговори за проширување на владината коалиција со Демократската партија на Турците – партија која во моментов е дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ и е претставена во Собранието со еден пратеник.

„Оваа партија има еден пратеник во Собранието, во рамки на коалицијата предводена од ДУИ. Очекувам овие разговори да завршат успешно. Разговараме за подолг период – за период кој би завршил со завршувањето на локалните избори во 2029 година. Така што, принципиелно, на овој начин би се формирал новиот владин кабинет“,изјави Мицкоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа
Следна Статија Давале поткуп за да се породат со царски рез и да го одберат гинекологот, покажа истражување на Здружението ЕСЕ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Додека сите граѓани мора да ги почитуваат сите процедури за добивање одобрение за градба, имаат ли кандидатите за советници од…

October 1, 2025
ПОЛИТИКА

Таравари: Имаме двојна предност пред ВЛЕН

Предноста на Коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ) пред конкурентската ВЛЕН/ВРЕДИ е два спрема еден, рече лидерот на крилото од…

September 13, 2025
ПОЛИТИКА

Шукова: БРТ системот е брзо, ефикасно и реално решение за Скопје

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, најави дека доколку добие доверба од граѓаните, веднаш ќе започне…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Собранието денеска одлучува за реконструкцијата на Владата

Собранието денес ќе ја одржи 112. седница, на која централна точка ќе биде реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за…

July 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?