Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг е намален на 58,9 проценти од БДП, инвестициите остануваат приоритет
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг е намален на 58,9 проценти од БДП, инвестициите остануваат приоритет
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг е намален на 58,9 проценти од БДП, инвестициите остануваат приоритет

Објавено July 2, 2026 13:53
Сподели
Сподели

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оцени дека јавните финансии се стабилизирани во изминатите две години и дека јавниот долг во првиот квартал од 2026 година изнесува 58,9 проценти од БДП, што, според неа, е пониско од проекциите при преземањето на мандатот, пренесе МИА.

На отчетната прес-конференција, таа истакна дека Владата го променила пристапот кон јавните инвестиции преку формирањето на Комитет за јавни инвестиции, со цел средствата да се насочуваат кон подготвени и одржливи проекти.

Според министерката, во изминатиот период се зголемила реализацијата на капиталните инвестиции во патната и железничката инфраструктура, енергетиката, образованието, комуналните проекти, како и во одбраната и безбедноста.

Димитриеска-Кочоска посочи дека се усогласени царинските стапки за 70 суровини и репроматеријали со правилата на Европската Унија, а обезбедени се и 250 милиони евра поволни кредити за домашните компании, како и исто толку средства за капитални проекти во општините.

Таа информираше дека Министерството работи на измени на даночните закони и нов Царински закон, како и на дигитализација на финансиските процеси. Посочи дека е воведен и системот OECD Pillar 2, со кој се воведува глобален минимален данок од 15 проценти за големите мултинационални компании.

Во делот на контролата, министерката рече дека во изминатите две години биле одземени пет дозволи за работа на финансиски друштва, изречени казни на 18 друштва и преземени повеќе мерки за отстранување на неправилности.

Осврнувајќи се на пазарот на капитал, таа истакна дека третата емисија на граѓански обврзници привлекла 1.543 инвеститори кои вложиле повеќе од 33 милиони евра, што, според неа, е показател за довербата во економските политики.

Димитриеска-Кочоска најави дека ќе продолжат фискалната консолидација, дигитализацијата на јавните финансии, борбата против сивата економија и реформите насочени кон подобрување на деловната клима.

Говорејќи за актуелните глобални случувања, таа рече дека конфликтот на Блискиот Исток создава ризик од нов ценовен шок, поради што Владата донела мерки за намалување на ДДВ за нафтените деривати и на акцизите за горивата.

Во однос на Реформската агенда 2024–2027, министерката посочи дека Министерството за финансии реализирало осум од вкупно 22 исполнети реформски чекори, што придонело за одобрување на 142,1 милион евра средства од Планот за раст на Европската Унија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тендери за невидливи пешачки премини, покажува истражувањето на ЦГК
Следна Статија Герасимовски предложен за нов потпретседател на СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Манипулирале со цените: Австрија тужи неколку големи синџири супермаркети

Австриското Министерство за социјална политика е сомничаво во однос на транспарентното прикажување на намалените цени на храната во синџирите супермаркети…

August 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Главен фокус за следната година ќе бидат капиталните инвестиции

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека за следната година главен фокус на Владата…

November 27, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Нема нови даночни обврски за студентите, ниту оданочување на веќе оданочени суми

Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата…

March 31, 2026
ЕКОНОМИЈА

С&П 500 иднините напредуваат, јапонските обврзници се опоравуваат: Преглед на пазарите

Јапонските обврзници се опоравија по продажба што одекна низ глобалните должнички пазари, додека иднините на американските акциски индекси пораснаа со

January 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?