Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа
ЗДРАВЈЕ

Од први јули три нови лекови против згрутчување на крвта на позитивната листа

Објавено July 7, 2026 14:12
Сподели
Сподели

Од први јули на позитивната листа на лекови се ставени три нови лекови против згрутчување на крвта, т.н. антикоагулантни лекови, најави денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски,

Станува збор за „еноксапарин“, „надопарин“, и „рибароксабан“.

„За ‘еноксапаринот’ се достапни два бренда, кај ‘надопаринот’ е достапен еден бренд и кај ‘ривароксабанот’ во почетниот период ќе биде достапен еден бренд. Што ќе значи ова? Првите два антикоагулантни лекови беа достапни со рефундација. Отсега понатаму ќе бидат достапни на позитивна листа со рецепт од специјалист. Овие два антикоагуланти се во рангот од 1.100 до 2.700 денари, ценовен ранг во зависност од дозажата и големината на терапијата, сега ќе бидат достапни за партиципација со 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде достапен без доплата“, рече Клековски.

Клековски кажа дека со овие одлуки, граѓаните ќе заштедат значителна сума на пари

„Третиот антикоагулант, ‘ривароксабинот’, е за првпат на позитивна листа. Тој досега се движеше во рангот од 2.000 до 2.200 денари. Сега ќе биде достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период ќе има доплата од 105 до 505 денари во зависност од дозажата и бројот на таблети. Во најчесто користената дозажа, тоа се 10 милиграма по 30 таблети, заштедата на граѓаните ќе биде 1.752 денари. ​Од 1 јануари 2027 овај лек ќе биде достапен без доплата, само со партиципација“, кажа Клековски на прес-конференција во Владата.

Директорот на Фондот додаде дека поради инертноста на аптеките, од 1 до 15 јули ќе прифаќаат рефундации за антикоагулансите.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Лидери“ се скопјани: Просечен Македонец лани направил 417 килограми ѓубре
Следна Статија Стојаноски: Ќе прифатиме се што ќе договорат опозициските партии, само дијаспората да може да гласа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен

Комисијата што беше формирана за разјаснување на сомнежите околу кардиохируршките интервенции веќе се состанала три пати и ги анализирала првите…

September 17, 2025
ЗДРАВЈЕ

6.000 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ МУ НЕДОСТИГААТ НА ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ Во тек е оглас за прием на 240

Унијата на здруженијата на медицинските сестри, акушерки, стоматолошки сестри предводени од Здружението „За нас“ апелира да се отворат конкурси за…

July 19, 2025
ЗДРАВЈЕ

Европска недела на ХИВ тестирање: „Тестни се! Прегледај се бесплатно, доверливо и безбедно“

Во рамки на Европската пролетна недела на ХИВ тестирање, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација, ги повикува сите граѓани на…

May 25, 2025
ЗДРАВЈЕ

Клековски: Годишно меѓу 120 и 150 пациентки болни од рак на дојка ќе може да се оперираат на товар на Фондот на Клиниката за пластична хирургија

Предвиден е заеднички буџет за Клиниката за торакална хирургија и Клиниката за пластична хирургија и годишно од 12 до 150…

March 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?