Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО) Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО“, вели Кузеска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > (ВИДЕО) Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО“, вели Кузеска
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Братот на Трајко Славески од чувар до функционер, М-НАВ е како комитет на ВМРО“, вели Кузеска

Објавено July 13, 2026 13:00
Сподели
Сподели

На прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ ги претвора државните институции во, како што велат, „партиски фирми“ за вработување и унапредување на роднини, блиски лица и партиски кадри.

Кузеска како пример го посочи случајот со братот на Трајко Славески, Сашо Славески, кој, според партијата, бил незаконски унапреден во М-НАВ.

Според Кузеска, унапредувањето било извршено во март 2025 година, но јавноста за тоа дознала дури неодамна, кога членовите на Управниот одбор кои ја донеле одлуката добиле кривична пријава.

„Управниот одбор на М-НАВ незаконски го унапредил Сашо Славески од работно место обезбедувач на имот на позицијата помошник за обука и координација во Одделението за воздухопловни информации – АИС, во Секторот за воздухопловна навигација“, рече Кузеска.

Таа тврди дека со новата позиција неговата плата се зголемила од околу 50.000 на приближно 100.000 денари, при што, според пресметките на СДСМ, за 14 месеци му биле исплатени повеќе од 7.000 евра.

Од СДСМ оценуваат дека единствениот критериум за унапредувањето бил тоа што Сашо Славески е брат на Трајко Славески и близок до ВМРО-ДПМНЕ.

„Така М-НАВ, наместо институција што се грижи за безбедноста на македонското небо, е претворена во партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Кузеска.

Според опозициската партија, ваквите случаи се доказ за непотизам, партизација и злоупотреба на институциите, што, како што велат, придонесува младите да ја напуштаат државата поради недостиг од мерит-систем и еднакви можности.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Собранието денеска одлучува за реконструкцијата на Владата
Следна Статија Денес е ПАВЛОВДЕН: Eве што не треба да правите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Филипче: Исплатата на пензиите и платите е во ризик, буџетската дупка е две милијарди евра

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, предупреди дека економската состојба во државата е сериозно влошена и дека постојат сериозни проблеми во…

March 8, 2026
ПОЛИТИКА

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската: На политичката сцена празен простор не останува

На политичката сцена и во политичката теорија и пракса празен простор не останува. Ако Вие се повлечете и оставите празен…

January 18, 2026
ПОЛИТИКА

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашното гостување во подкастот „Политиканти“, истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во…

May 9, 2025
ПОЛИТИКА

Кичевски од СДСМ најави формирање на нова партија

Од група луѓе кои во суштина се СДСМ, луѓе кои не можат да бидат ништо друго освен СДСМ, вие правите…

July 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?