Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Што ќе значат новите пресметки за јулската плата?
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Што ќе значат новите пресметки за јулската плата?
ЕКОНОМИЈА

Што ќе значат новите пресметки за јулската плата?

Објавено July 17, 2026 11:28
Сподели
Сподели

Почнувајќи од јулската плата започнува да важи привремена промена на структурата на придонесите за задолжително социјално осигурување. Оваа одлука внесе паника меѓу вработените, кои се исплашија дека ќе им се намали платата, дека ќе имаат помалку права во јавното здравтсво, но и недоумницата што во иднина ќе се случува со пензиите, со оглед на менување на ставката за издвојување средства за пензиското осигурување. Иако на прв поглед изгледа дека работниците ќе плаќаат повеќе за пензиско осигурување, суштината е дека вкупните придонеси остануваат исти – 28 проценти. Суштината на оваа одлука е дека се менува само распределбата меѓу различните видови придонеси.

Според новите правила, придонесот за пензиско и инвалидско осигурување се зголемува од 18,8 на 19,9 проценти, додека придонесот за осигурување во случај на невработеност се намалува од 1,2 на 0,1 процент.

Придонесите за задолжително здравствено осигурување остануваат непроменети – 7,5 проценти, како и дополнителниот придонес за повреда на работа и професионално заболување од 0,5 проценти.

Дека нема да се исплатат помали плати покажува пресметката за минимална бруто плата, каде нето платата се намалува за само 1 денар, што е последица на начинот на пресметка и заокружувањето, а не на зголемување на вкупниот товар за работниците. Најупростено кажано, работниците нема да почувствуваат разлика во платата, бидејжи државата не го зголемува вкупниот износ на придонесите, туку само ги прераспределува средствата меѓу пензискиот фонд и фондот за осигурување во случај на невработеност.

Следно, се врши привремена измена на стапката на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење изнесува:

-9,95% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци,
-8,29% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци,
-6,63% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци,
-4,98% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци,
-3,32% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци и
-1,66% за вршење на работи и задачи на кои ефективно поминати 12 месеци се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци.

Согласно новите законски измени, Управата за јавни приходи ќе биде надлежна за пресметка на придонесите за самовработени лица кои данокот го плаќаат по паушално утврден нето-доход, со што се намалува административниот товар за оваа категорија обврзници.

Се врши и усогласување со Законот за здравствено осигурување, со воведување можност странци со регулиран престој да пристапат кон задолжително здравствено осигурување, како и обезбедување пристап до здравствено осигурување за лица под привремена заштита.

Важно е да се нагласи дека новите стапки ќе се применуваат само за платите исплатени за периодот од јули до декември 2026 година, по што, доколку не се донесат нови законски измени, повторно ќе важат досегашните стапки.

Работодавачите треба да ги ажурираат стапките во своите payroll системи пред пресметката на јулската плата, додека компаниите што користат надворешни услуги за пресметка на плати нема да имаат дополнителни обврски бидејќи усогласувањето ќе биде направено автоматски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп ќе му го додели пехарот на победникот на СП
Следна Статија Еве зошто не треба да возите со повеќесезонски гуми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Изработен првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата

Стопанската комора на  Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јанкуловски: Со ребалансот на Буџетот фокусот е на стабилноста, отчетноста и ефективноста во трошењето на јавните финансии

Предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2025 година се потврда на фискалната политика за неопходноста од консолидација и подобрено…

July 2, 2025

Блекрок-овиот биткоин ETF доживува историски одлив на средства

Блекрок-овиотspot биткоин ETF забележува одлив на средства од 2,2 милијарди долари во ноември додека криптовалутата продолжува да паѓа

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Премиерот нема информации за можно поскапување на струјата, најави ваучери за инвертери и идната година

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека до овој момент нема информација за евентуално поскапување на струјата. Како што оцени денеска, состојбата…

November 9, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?