Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми
ЗДРАВЈЕ

Епидемија во Гостивар, водата загадена: Над 1 000 пациенти побарале медицинска помош со слични симптоми

Објавено July 17, 2026 18:00
Сподели
Сподели

Повеќе од 1 000 пациенти во изминативе 3-4 дена побарале медицинска помош во болницата во Гостивар. Оттаму велат дека поголемиот број од пациентите се со исти симптоми како повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура, омалаксаност итн. Најголем дел од нив се на Инфектологија, на Детското одделение и во Ургентната единица.

„За овие денови во ЈЗУ Општа болница ‘Д-р Ферид Мурат’ со овие симптоми се пријавени околу 1 000-1 200 пациенти. На сите пациенти им е дадена медицинска помош, односно соодветна терапија. Овој број на пациенти е надвор од редовните бројки на пациенти во нашата установа“,велат оттаму.

Од болницата преку соопштение уверуваат дека го зајакнале медицинскиот персонал во одделенијата каде што има голем број пациенти.

Истовремено, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е сериозно загадена и небезбедна за здравјето на граѓаните.

Од Секторот за внатрешни Тетово денеска соопштија дека постојат основи на сомневање дека активности на Јавното претпријатие „Водовод“ и на Општина Гостивар довеле до загрозување на здравјето на граѓаните на градот. За да го зајакнат притисокот во градската водоводна мрежа, незаконски поставиле пумпи во корито на истечни отпадни води кои потоа навлегле во системот кој напојува градот.

Државниот јавен обвинител Ненад Савески денеска кажа дека Обвинителството постапува, но дека е рано за правна квалификација на случајот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Зошто аргентинските навивачи важат за најсуеверни?
Следна Статија Директорката на гостиварскиот водовод: Епидемијата е поради храната која ја јаделе, а не од загадената вода

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Чај од шипка: Има 50 пати повеќе витамин Ц од лимонот, само ако го подготвите на овој начин

Чајот од шипка е идеален напиток кој не само што ве освежува, туку помага и во зајакнување на имунолошкиот систем,…

January 11, 2025
ЗДРАВЈЕ

Грипот зема замав во Македонија

Во периодот од 8 до 14 декември, во Македонија се пријавени 126 случаи на грип и заболувања слични на грип,…

December 21, 2025
ЗДРАВЈЕ

Боли егзодусот на најдобрите лекари, кажа Силјановска Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова се обрати на свеченото одбележување на 80-годишнината од постоењето на Македонското лекарско друштво, што вчеравечер се одржа…

September 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Мицкоски: Вложуваме во здравствениот систем, набавивме магнетна резонанца и друга апаратура за Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“

Премиерот Христијан Мицкоски денес беше во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” – Скопје“. „На неколку…

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?