Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Украдени лежалки во Италија се појавиле на плажа во Албанија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Traveler > Украдени лежалки во Италија се појавиле на плажа во Албанија
Traveler

Украдени лежалки во Италија се појавиле на плажа во Албанија

Објавено July 19, 2026 14:48
Сподели
Сподели

Вкупно 350 лежалки исчезнале пред две години преку ноќ од рекреативниот комплекс „Onde Chiare“ на Виа Фенули, во италијанскиот град Реџо Емилија, кои според тамошната полиција „ биле украдени од непознати лица“.

Една година подоцна, минатото лето, лежалките изненадувачки се „појавија“, сè уште со видливо лого „Onde Chiare“, на плажа на објект на познатото одморалште „’Ртот Родон“, карпест полуостров на јадранскиот брег, северно од Драч. Нив ги откри туриска од Реџо Емилија, која беше на одмор во Албанија, објавија албанските медуми.

Таа им испратила на менаџерите на комплексот е-пошта со фотографии од лежалките, откако претходно прочитала за кражбата во локалните медиуми.

Алберто Костоли и Енрико Кавацони, менаџерите на комплексот, го задолжиле адвокатот Џанлука Далари да покрене судска постапка за враќање на опремата, чија вредност надминува 45 илјади евра. Размислувале сами да одат во Албанија, но го избрале, како што велат, законскиот пат.

Размислувавме сами да одиме да ги земеме, но потоа решивме да го следиме законскиот пат. Нашиот адвокат пронајде и адвокат во Албанија, кој покрена судска постапка. Според законот, нашите лежалки требаше да бидат запленети и ставени под надзор од страна на албанските власти. Но, друг клиент, кој се случи да биде во Драч овие денови, ни испрати ново видео, кое потоа го објавивме на Инстаграм. Во него, јасно се гледа дека лежалките се уште се на плажа и ги користат клиентите на тој објект. Многу сме револтирани.Тоа не е добра реклама за туризмот – изјави Костоли.

Поради оваа причина, тие одлучиле случајот да го објават јавно.

Ги тагиравме локалните медиуми, испративме е-пошта до редакцијата на емисијата „Ле Иен“, позната по своите истражувања. Го означивме и премиерот на Албанија, Еди Рама, бидејќи тој често зборува за развојот на албанскиот туризам. Кражбата на лежалки во Италија и нивната употреба во Албанија воопшто не е добра визит-карта за туристите и за угледот на земјата. Со години соработуваме со албански добавувачи и никогаш не сме имале никакви проблеми. Се надеваме дека албанскиот премиер ќе биде заинтересиран за нашиот случај, бидејќи веќе не знаеме кој пат да го следиме, велат сопствениците.

Во меѓувреме, објавата на социјалните мрежи брзо се прошири, добивајќи десетици споделувања и стотици лајкови, сè додека не стана вирална.

Се надеваме дека малку бучава и медиумски притисок ќе помогнат во решавањето на ова прашање“, заклучува Костоли. „Само помислете колку штета и загриженост ни предизвика оваа кражба, која се случи на почетокот на летната сезона, пред две години“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во ЕУ има 15,7 судии на 100 000 жители, а во Македонија 20,1
Следна Статија Во Германија на автопат возела во спротивна насока: Две починати лица и три деца во критична состојба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

На грчка плажа волк нападнал петгодишно девојче од Србија

Волк се обидел да касне петгодишно девојче од Србија на плажа во Грција, а трагедијата била избегната благодарение на мирната…

September 14, 2025
СВЕТ

Четворица загинати во серија лавини на северот од Италија

Четири лица загинале, а неколку се повредени во серија лавини на северот од Италија. Во алпскиот регион Валтелина, лавина погодила…

February 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Македонија е втората најслаба „карика“ во европската електрична мрежа, пред неа е само Албанија

Нова студија ги наведува слабите точки во европската електрична мрежа, бидејќи геополитичките предизвици и климатските промени ја тестираат инфраструктурата на…

September 25, 2025
Traveler

Сметка од кафуле во Будва од која гостите ги заболе глава

На Фејсбук страницата Podgorički.info беше објавена сметка од ресторан во Будва, што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи. Јасно пишува…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?