Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции
МАКЕДОНИЈА

Штетите од силното невреме ќе се рефундираат од надлежните институции

Објавено July 22, 2026 18:37
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање, а во врска со вчерашното невреме, истакна дека градоначалниците со нивните тимови и претпријатија излегоа на терен и ги санираа штетите.

-Санацијата по епското невреме продолжува и денеска. Штетите ќе се констатираат и согласно закон и искуство од минатото, ќе биде од страна на надлежните институции сето тоа рефундирано, посочи премиерот.

Додаде и дека Владата има механизми за помош, како и во секоја елементарна непогода.

Во вчерашното невреме лекарска помош побарале 33 лица (вкупно од Ургентен клинички центар и Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски”). Оштетувања се регистрирани на објекти од витално значење за државата.

Во вчерашното невреме, како што информираше МВР, оштетени се и објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Оштетувања има и на ГОБ „8 Септември“ и штипската болница.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Водата во Гостивар се уште е неисправна за пиење и за техничка употреба
Следна Статија Зеленски го разреши Сирски од функцијата врховен командант на украинската армија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МОН преку национална кампања ќе ја крева јавната свест во општеството за важноста на наставниците

На светскиот ден на наставниците ресорното министерство во земјава преку национална кампања ќе ја крева јавната свест за важноста и…

October 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Згасна телевизија Сонце

Уште еден телевизиски канал исчезна од македонската медиумска сцена. Телевизија Сонце, која подолг период беше дел од националниот кабелски телевизиски…

December 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

На денешен ден погина Сашко Гешовски, првата жртва на распадот на Југославија

На денешен ден во Сплит, пред зградата Банoвина, тогашно седиште на командата на Југословенската воено-поморска област, се одржа протест на…

May 6, 2026
МАКЕДОНИЈА

Финансиска поднела 29 кривични пријави кои вклучуваат штета од 852 милиони денари на буџетот, вели Ивановски

Од моето преземање на Управата за финансиска полиција, до денеска се поднесени 29 кривични пријави кои во себе вклучуваат штета…

February 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?