Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Косовците биле многу навредени што на трибините скандира „Косово е Србија“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Косовците биле многу навредени што на трибините скандира „Косово е Србија“
СПОРТ

Косовците биле многу навредени што на трибините скандира „Косово е Србија“

Објавено November 16, 2024 19:36
Сподели
Сподели

Фудбалската федерација на Косово (ФФК) го осуди расистичкото однесување кое се случи на натпреварот во петокот помеѓу Романија и Косово во Букурешт, во рамките на Лигата на нации и ја оправда одлуката на косовските фудбалери да го прекинат натпреварот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Натпреварот беше прекинат во судиското надополнување по истекот на 90. минута, по континуираните расистички и антикосовски скандирања на романските навивачи.

ФФК во денешното соопштение вели дека постапките на романските навивачи создале небезбедна атмосфера за косовските фудбалери.

– Во текот на целиот натпревар имаше скандирања „Косово е Србија„ и „Србија, Србија“, свирежи за време на интонирањето на националната химна на Косово, фрлање тврди предмети на терен и други навредливи и провокативни дејства, создавајќи атмосфера на неприфатлива и небезбедна атмосфера за нашите играчи, се вели во реакцијата.

ФФК вели дека двапати ја предупредила УЕФА за можноста од вакво однесување, а ситуацијата ескалирала кога навивачите одбиле да престанат со расистичките скандирања.

– И покрај напорите на нашиот тренер, Фода, да се доигра натпреварот и да се елиминираат ваквите постапки на романските навивачи, сепак и по прекинот продолжи расистичкото однесување. Во таква ситуација, играчите со право избраа да ги почитуваат антирасистичките прописи на УЕФА и да го заштитат достоинството на државата Косово, како рамноправна членка на УЕФА и ФИФА, се вели во соопштението.

ФФК ги обвини и организаторите и за недостаток на сигурност, напоменувајќи дека романски фудбалски функционер интервенирал на прес-конференцијата на косовската репрезентација, отстранувајќи ги новинарите, а потоа му се заканувал и нападнал косовски фудбалер во ходниците на стадионот.

– Ова срамно и неприфатливо однесување доведе до итна реакција на претставниците на ФФК, се вели во соопштението.

ФФК објави дека ги пријавила прекршоците до делегатот на натпреварот и почнала да подготвува целосна жалба до УЕФА.

– Веруваме дека УЕФА ќе постапи во согласност со нејзините основни вредности за најостро да го осуди расистичкиот јазик и другите неприфатливи дејствија што се случија на овој натпревар. ФФК ја потврдува својата посветеност да го заштити достоинството на репрезентацијата на Косово и вредностите на фудбалот, но и принципите на УЕФА и ФИФА за фудбал без политика и почитување на „фер-плеј“, како игра која мора да обединува а не да дели. Расизмот и дискриминацијата немаат место ниту во спортот, ниту во нашето општество“, се заклучува во соопштението на ФФК.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелските сили навлегоа најдлабоко на територијата на Либан
Следна Статија Намалена видливост поради магла на Стража, Ѓавато, Плетвар и Маврово

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Крај на ерата на Салах во Ливерпул

Египетскиот фудбалер Мохамед Салах ќе ги напушти редовите на Ливерпул по завршувањето на оваа сезона, објави вечерва актуелниот англиски шампион.…

March 24, 2026
СПОРТ

Билетите за мечот меѓу Вардар и Црвена ѕвезда се пуштени во продажба

Помалку од две недели остануваат до мечот меѓу Вардар и Црвена ѕвезда, а веќе започна продажбата на билетите. На 16-ti…

April 5, 2025
СПОРТ

Македонија вечерва против Унгарија го стартува настапот на СП

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Унгарија во првиот свој настап на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот…

January 15, 2025
СПОРТ

Дресот на Коби продаден за 7 милиони долари

Дресот што поранешниот американски кошаркар Коби Брајант го носеше на своето деби за Лос Анџелес Лејкерс во 1996 година беше…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?