Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило
ХРОНИКА

Малолетници обиле багер во Капиштец, го придвижиле и удриле во паркирано возило

Објавено November 17, 2024 13:20
Сподели
Сподели

Во текот на изминатата ноќ, во паркот во Капиштец, малолетни лица обиле багер, го ставиле во функција и предизвикале штета на паркирано возило.

Како што информираат од општина Центар, дополнително, уништени се каблите за системот за наводнување и направена е значителна материјална штета. Полицијата веднаш изврши увид и ги презема сите мерки за утврдување на одговорноста.

Градоначалникот Горан Герасимовски апелира до родителите да разговараат со своите деца за сериозноста последиците на ваквото однесување.

Преминати се сите граници! Оштетен е јавен и приватен имот. Нарушена е безбедноста и јавниот ред. Не смее да се дозволи уништување на јавниот и приватен имот. Ваквото однесување мора да запре пред да се случи и нешто полошо. Повикувам на свест и одговороност“, порача Герасимовски.

Овој инцидент доаѓа неколку месеци по обивањето и кражбата на општинскиот комунален пункт во Капиштец, како и по уништувањето на реквизитите на детските игралишта.

Општина Центар, во текот на летото, објави видео снимки доставени од граѓани, на кои се гледаат сцени на деструкција, дивеење и загрижувачко однесување на млади лица на јавен простор во истата населба.

Градоначалникот тогаш побара засилено присуство на полицијата на терен. По вчерашниот инцидент, Герасимовски повторно потсетува дека безбедноста зависи од заедничкиот ангажман на граѓаните, Министерството за внатрешни работи и локалната самоуправа.

Клучно е да соработуваме и комуницираме за да се спречат ваквите инциденти. Само со заедничко залагање ќе имаме мирни населби и сигурен живот за нашите граѓани“, додаде Герасимовски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Џонс го нокаутира Миочиќ, па му го предаде појасот на Доналд Трамп
Следна Статија Уставниот суд бескомпромисно ќе го чува и штити Уставот, порача Костадиновски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Мерко доби две години условна казна за незаконско назначување директор

Две години условна казна за незаконско назначување на директор во училиштето „Зини Хани“ во Велешта и парична казна од 2.500…

October 13, 2025
ХРОНИКА

Критична е состојбата на момчето од Волково по струјниот удар

Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар, изјавија попладнево за МИА од…

January 17, 2025
ХРОНИКА

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

Има материјални докази кои го поврзуваат првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со убиствата на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски,…

November 25, 2024
ХРОНИКА

Екс потпретседателот на СДСМ ограбен за Велигденските празници, украден сеф, вредноста на предметите околу 50.000 евра

Поранешниот потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи е ограбен. Дел од медиумите пишуваат дека од домот му бил украден сеф, а…

April 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?