Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!
ЗДРАВЈЕ

Д-р Дамческа: Повеќе од одбележување, стратегии, идеи, борба, живот!

Објавено November 17, 2024 23:43
Сподели
Сподели

Индикаторите поврзани со детското здравје се показатели за степенот на здравствен и економски развој на едно општество, на една заедница. Но тие воедно се и резултат на организирана и системска акција, збир на мерки и здравствени интервенци, планирани здравствени политики, планирани и реализирани, долгорочно. Перинаталната смртност е индикатор кој многу говори за состојбите во кои се наоѓа здравствениот систем, но проекциите му се проспективни, а не моментални.

Врз перинаталната смртност влијае квалитетот на атенаталната, перинаталната и постнаталната здравствена заштита, степенот на подготвеност на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита. А тоа не се постигнува преку ноќ. Денес одбележувајќи го денот на предвремено родените деца, мора да истакнеме дека оваа тема не трпи импровизација. Денес се соочуваме со зголемување на бројот на предвремено родени деца. Годините, што претходната влада ги пропушти и ја маргинализираше темата денес не соочува нас со бројки кои се далеку од посакуваните.

Епидемиолошките поместувања се јавуваат кога во општеството се случуваат големи промени во здравствената структура. Индикаторите се показатели на кумулативни ефекти, на мултисекторски пристап на проблемите, на сеопфатност на целата територија, но никако не, на само еден чинител. Не чека голема работа. Ажурирање на Стратегијата за безбедно мајчинство. Унапредување на Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје.

Јакнење на Центрите за сексуално и репродуктивно здравје. Јакнење на Примарната здравствена заштита, преку мотивирање на матичните гинеколози за унапредување на антенаталната здравствена заштита. Достапност на младите до информации за квалитетно и безбедно мајчинство. Достапност до сервиси за безбедно мајчинство.

Јакнење на Поливалентната патронажна служба. Поливалентната патронажна служба е комплексна служба со посветени здравствени работници кои еден цел век се посветени на репродуктивното здравје на жената и на семејството во целост. Условите во кои работат патронажните сестри во здравствените домови, за жал се многу уназадени, особено последниве години, кога патронажните сестри беа оставени на маргините, кадровски и со опрема.

Ажурирање на Регистрите за бременост и раѓање, Регистрите за репродуктивно здравје. Теренски активности со едукација, особено во периодот пред бременост и во првиот триместар од забременувањето. Промоција на здрави животни стилови кај бремените.

Информираност и достапност до скрининг програмите. Повеќе финансии за Програмата за активна здравствена заштита на жените и децата во Македонија.Финансирање на скрининг Програмите. Јакнење на капацитетите на Заводот за здравствена заштита на мајките и децата.

Лидерска улога на Институтот за јавно здравје и Клиниката за гинекологија и акушерство со акции од областа.

Пишува: Спец. Д-р Јасминка Дамческа

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мајка и две ќерки нападнале малолетно девојче на свадба во Куманово
Следна Статија Бајден им дозволи на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија

Д-р Јован Божиновски е именуван за нов директор на Универзитетската клиника за Нврологија, информираше денеска во изјава за медиумите министерот…

October 13, 2025
ЗДРАВЈЕ

Потврдена безбедноста на водата за пиење во Скопје

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денеска спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и…

December 23, 2024
ЗДРАВЈЕ

Кедев: Болници оперираат пациенти без потреба, само заради профит

Во денешното издание на емисијата „Стадион“ гостин беше интервентниот кардиолог Сашко Кедев. Тој во емисијата обвини за докажани непотребни хируршки…

August 16, 2025
ЗДРАВЈЕ

17. Ноември – Светски ден на предвременото породување

Светскиот ден на предвременото породување, кој се одбележува на 17 ноември, годинава доби историско признание од Светската здравствена организација(СЗО) која…

November 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?