Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Родителите на учениците да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди

Објавено December 20, 2024 17:40
Сподели
Сподели

Министерството за дигитална трансформација ќе им прати на основните и средните училишта препораки во врска со апликации на мобилните уреди кои имаат штетни влијанија врз учениците.  Министерот Стефан Андоновски изјави дека ги подготвуваат препораките, но нагласи дека за овој проблем најодговорни се родителите, особено на децата во основно образование, затоа што треба да ги вклучат системите за заштита на деца кои постојат во паметните телефони.  

-Подготвуваме препораки кои ќе ги пратиме до сите основни и средни училишта во државата за димензионирање на услугите што се нудат на овие мобилни апликации  Сепак, главната одговорност ја имаат родителите. Секој паметен уред има системи за заштита на деца, тие системи може да се вклучат. Тоа може да го направи секој родител, може да го направите и на домашните уреди и на тој начин може да ги заштитиме децата од несаканите појави кои се на Интернет. Апелирам до родителите, особено на децата во основно образование, тоа веднаш да го направат.  Ако сакаат да се справуваат со овие закани, кои не се кривични дела, не е пропагирање на некое кривично дело преку апликациите, родителите да бидат повнимателни и да ги искористат забраните што постојат на мобилните уреди,  изјави Андоновски. 

Додаде дека преку Центарот за безбеден интеренет,  во 2025 година Министерството ќе работи на подигнување на свеста кај родителите. 

На прашањето дали треба да се забранат мобилни телефони во училиштата, по примерот на некои земји од регионот, министерот одговори дека за тоа треба да се разговара со Министерството за образование и наука и со општините како надлежни за училиштата.

-Препораката треба да биде дека за време на часови, за време на настава, учениците не треба да ги користат своите мобилни телефони. Дали училиштата ќе одат кон целосна забрана на мобилни уреди во училиштето, тоа останува, сепак, на луѓето кои креираат политики во тој домен. Но наше мислење е дека никако не треба да се дозволи користење мобилни телефони во училниците, истакна Андоновски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски очекува денеска да се стабилизира состојбата во РЕК Битола и да продолжи редовното производство
Следна Статија Мајката на напаѓачот: Тој е нестабилен, беше на лекување, а докторот мртов ладен ни го пушти ние да се грижиме за него

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Распука асфалтот на патот кон Теферич, пет месеци по неговата поправка

Распука асфалтот на патот што води кон населбата Теферич во Општина Кисела Вода. Ова е констатирано од денешниот увид на…

February 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Клучот за доверба и стабилност е дигитална, транспарентна и отчетна администрација

Со целосната имплементација на Информациониот систем за управување со човечки ресурси, правиме разлика. Од хаос кон систем. Од пристрасност кон…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ако ЕУ го гарантира идентитетот, нека го потврди со одлука – подготвени сме да испорачаме само со веродостојни гаранции, вели Мицкоски

Ставот на Владата за уставните измени останува непроменет и тие нема да се случат без јасни гаранции дека процесот на…

February 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Американски УСАИД истражители пристигнаа на Балканот – дали Македонија е следна?

По објавата дека американскиот истражител Мартин Де Лука, поранешен федерален обвинител на САД и член на тимот на претседателот Доналд…

February 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?