Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци
МАКЕДОНИЈА

Бараме да одговара и таткото на убиецот и судијката кои наместо да изразат сочувство, кукавички бришат профили, рече сестрата на Фросина на протестот во Кавадарци

Објавено February 2, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Правда за Фросина мора да има и случајот на Фросина на никој друг да не му се повтори, порача денеска Росица Кулакова, сестрата на прегазената девојка на протестот во Кавадарци. Побара одговорност и од таткото на возачот и ид судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

Кулакова истакна дека општеството е огледало на вредностите што ги носат оние кои го водат, а децата се најчистиот одраз на своите родители.

-Не може да се очекува чесно и одговорно управување од луѓе кои не успеале да ги всадат основните морални и општествени вредности дури ни во сопствениот дом. Доделувањето државни функции не смее да се сведува само на формални образовни критериуми, нагласи таа. 

Јавните функции, рече таа,  мора да ги извршуваат луѓе со интегритет, кои своите карактери и вредности ги покажале и во сопствениот живот.

-Како граѓани, како родители и како дел од заедницата, оној кој не успеал да го воспита сопствениот наследник да ги почитува законите, да разликува добро од зло и да живее чесно, не може да бара доверба да управува со државата. Напротив, ваквите лица не смеат да добијат јавна функција. Тие треба да одговараат за своето делување, но и за криминалните постапки на своите помлади полнолетници, додаде Кулакова. 

Подвлече дека општеството не смее да биде заложник на луѓе без морални темели, а функциите во државата не смеат да бидат засолник за оние, кои не ги почитуваат законите ниту во својот дом, ниту надвор од него.

-Ние за Фросина бараме правда, не само од убиецот, бараме правда и од таткото. Бараме да се затвори таткото, да одговара таткото, Зоран Јованов и судијката Даниела Алексовска Стојановска, кои не излегоа јавно да изразат сочувство кон семејството, туку кукавички се кријат и бришат профили, изјави сестрата на загинатата девојка. 

Пред присутните на главната раскрсница во строгиот центар на градот, се обратија и организаторот Горан Василов и Викторија Недева, која прочита текст во името на другарките на Фросина.

-Нема зборови кои можат да ја изразат болката која ја чувствуваме од твојот ненадеен замин. Ти која ја боеше секоја секунда со нас, со твојата светлина, љубов, замина на најсуровиот можен начин. Но, знаеме дека со твојата енергија, насмевка и позитивен карактер, светот имаше нешто уникатно. Ти беше не само моден дизајнер, ти беше личност која успеваше да ги спои сите бои и да ги претвори во нешто што ќе остане во срцата на сите кои те познаваа, рече Недева. 

Ти, нагласи таа, не си само жртва на нечии неопростливи одлуки. Подвлече дека заминувањето на Фросина остави болка и сивило, но нејзините дух и дела ќе останат вечни. 

На собирот во Кавадарци присуствуваше и таткото на Викторија Николова, Славе од Радовиш, чија ќерка пред три години загина исто така на „Партизанска” во Скопје.

Со триминутен молк и палење свеќи, носење транспаренти, се даде почит и се побара правда и одговорност. Другарките на Фросина во нејзина чест пуштија 22 балони испишани со нејзиното име.

Попладнево во 17 часот протест е најавен и во Скопје на булеварот „Партизанска“ каде загина Фросина.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Министерот Муцунски на Харвард: ЕУ мора да ги интегрира земјите-кандидати од Западен Балкан во својата визија за иднината
Следна Статија Ја научивме лекцијата од коалицирањето со ДУИ, вели Филипче, нема коалицирање за локалните избори

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

На Дојранското Езеро повторно му се заканува еколошка катастрофа ако не проработи системот за полнење и нема врнежи

Според мерењата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нивото на Дојранското Езеро скоро една година постојано е околу 80 сантиметри…

August 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група

Зградите на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура ќе се доградат откако ќе биде направена стручна анализа од работна група.…

May 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ветингот е ставот, а позади завесата е тефтерчето од каде доаѓаат одлуките од Мала Речица

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека за ДУИ ветингот е ставот, но…

October 31, 2024
МАКЕДОНИЈА

Се бара притвор за 14 лица, меѓу нив е и ексминистерот Бектеши

Јавното обвинителство ќе бара краткотраен притвор за 14 лица, осомничени во случајот во која загинаа 59 луѓе во пожарот во…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?