Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почнаа изборите во Косово, дали Албин Курти ќе ја задржи власта или ќе има изненадување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Почнаа изборите во Косово, дали Албин Курти ќе ја задржи власта или ќе има изненадување
БАЛКАН

Почнаа изборите во Косово, дали Албин Курти ќе ја задржи власта или ќе има изненадување

Објавено February 9, 2025 09:29
Сподели
Сподели

Денеска во Косово се одржуваат парламентарни избори, на кои право на глас имаат вкупно 2.075.868 граѓани. Тие можат да гласаат на 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места ширум земјата.

Според официјалните податоци, 1.970.944 граѓани се регистрирани за гласање во Косово, додека 104.924 лица од дијаспората го искористија своето избирачко право вчера, гласајќи во 30 дипломатски претставништва во 19 различни земји.

Ова се деветти парламентарни избори во земјата од прогласувањето на независноста. На нив учествуваат 28 политички субјекти, меѓу кои 19 политички партии, пет коалиции, две граѓански иницијативи и еден независен кандидат. Покрај тоа, во изборната трка се вклучени и шест политички субјекти кои претставуваат српската заедница.

Според предизборните анкети и анализите на политичките експерти, главната битка се очекува да се води помеѓу Движењето Самоопределување на Албин Курти, Демократската лига на Косово предводена од Лумир Абдиџику, Демократската партија на Косово со лидерoт Мемли Красниќи и Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај.

Косовското Собрание брои 120 пратенички места, од кои 20 се резервирани за припадниците на малцинските заедници. Српската заедница има загарантирани 10 места, додека бошњачката има три, турската два, а ромската заедница (РАЕ) четири. Горанската заедница располага со едно пратеничко место. Изборниот праг за влез во парламентот изнесува пет проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Маск: Не сум заинтересиран да го купам TikTok
Следна Статија Марибор гори, пожар зафатил 9.600 метри квадратни, а на терен се 150 пожарникари (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

(ФОТО) Студент од Србија со ланци на нозе доведен на погребот на неговиот татко, штрајкува со глад по продолжениот притвор

Студентите на Факултетот за технички науки во Нови Сад се огласија откако беа објавени фотографии на кои се гледа како…

September 17, 2025
БАЛКАН

Албанија отвора уште еден кластер во преговорите со ЕУ

Во Брисел денеска се одржа третата меѓувладина конференција ЕУ – Албанија, на која за земјата беше отворен Кластерот 6 за…

December 17, 2024
БАЛКАН

Албанија го доби првиот милијардер на листата на Форбс, има бизниси и во Македонија

Албанија го доби првиот ултра богаташ кој е на најновата листа на Форбс за 2025 година на најбогати луѓе во…

April 2, 2025
БАЛКАН

(Видео) Српската полиција приведе демонстрант и го стави во автомобил, тој излезе од другата врата

На социјалните мрежи се споделува видео снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната…

April 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?