Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2025 година капиталните расходи се реални инвестиции, не трансфери
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2025 година капиталните расходи се реални инвестиции, не трансфери
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Со Предлог-буџетот за 2025 година капиталните расходи се реални инвестиции, не трансфери

Објавено November 1, 2024 19:00
Сподели
Сподели

Предлог-буџетот за 2025 година, којшто денеска треба да биде доставен до Собранието, содржи нови промени во планирањето и реализацијата на капиталните расходи. Тие се планирани на 50,6 милијарди денари, коишто значат средства за проекти, а не за трансфери со кои се покриваат други трошоци. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на средба со новинарите.

– Со Предлог-буџетот за 2025 година се проектирани 50,6 милијарди денари за капитални инвестиции. Покрај проектите поврзани со коридорите 8 и 10д, и проектите на општините, приоритет се и проектите за финансирање на енергетска ефикасност, за олеснување на трговија и транспортот во Западен Балкан, за администрирање на социјалното осигурување, за модернизација на земјоделството, регионален проект за отпад, за подобрување на водна инфраструктура, реконструкција на казнено-поправни установи и слично. Исто така во образованиение се планирани, покрај реконструкција на студентските домови, и доизградба на училишта и спортски сали, за кои се преговара“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Споделувајќи податоци за реализација на капиталните инвестиции во претходните години, рече дека тие не изнесувале реално повеќе од 15 милијарди денари, бидејќи трансферите се прикажувале како капитални расходи, а дополнително имало и слаба реализација на проектите коишто биле планирани. Тоа, како што додаде, резултираше со ниски стапки на раст во минатото.

„Таквата политика ја менуваме и ние нашата стапка на раст ја темелиме на реални инвестиции. Во Предлог-буџетот за 2025 година тоа се менува и она што се капиталните расходи се реални инвестиции. Трансфери кон ЕСМ нема. Трансфери во однос на одредени јавни претпријатија се предвидени, но во многу помал износ или се пренасочени на други ставки“, рече министерката.

Наведе дека со Предлог-буџетот дефицит е планиран на ниво од 4% од БДП, дека се планирани повеќе средства за исплата на плати, пензии, здравствена заштита, социјални надоместоци и слично.

Таа информираше дека со деловните банки во тек се разговори за пласирање на планираните 250 милиони евра од унгарскиот заем поволни средства кон компаниите и дека делот за висината на камата е затворен, односно таа ќе биде на 3,25%. Продолжуваат разговорите во утврдување на условите за рокот на отплата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Брзата пруга на Коридор 10 ќе биде готова за 1,5 до две години, најави Мицкоски
Следна Статија Анкета на ИПИС: Криминалот и корупцијата се најголем проблем со кој се соочува Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Напредуваат проектите во Железницата, очекувам годинава да биде објавен тендерот за Делница 3

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања истакна дека напредуваат проектите во Железницата и оти очекува оваа година да…

January 2, 2026

Алфабет го изненадува пазарот со амбициозни планови за капитални расходи

Алфабет очекува капиталните расходи за 2026 година да бидат помеѓу 175 и 185 милијарди долари - на повисоката граница тоа…

February 6, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски за годишниот тендер на ЕСМ: Се водиме да нема големи пореметувања на стандардот на граѓаните

Се додека не се заврши тендерот на ЕСМ за снабдување со електрична енергија за една година, цената која е дадена…

November 26, 2025
ЕКОНОМИЈА

Славески: Дански фонд купи 40 стана во Скопје

Инвестициски фондови од странство купуваат значителен број станови во новоградба кај нас, истакна гувернерот на НБРМ Трајко Славески во интервју…

February 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?