Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Трошоците за живот во ноември на годишно ниво пораснале за повеќе од четири проценти

Објавено December 10, 2024 17:00
Сподели
Сподели

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4.3 отсто, а цените на мало од четири отсто, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1 отсто.

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите за храна и безалкохолни пијалаци за 2.1 отсто, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1.5 отсто, ресторани и хотели за 0.8 отсто, облека и обувки, здравје за 0.2 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 отсто.

Во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите транспорт за 0.9 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.3 отсто, разновидни стоки и услуги за 0.1 отсто.

Трошоците на животот во групите комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Цените на мало во ноември во однос на октомври годинава забележале раст ид 0.3 отсто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата донесе одлука – Нема да растат платите на именуваните и избраните лица
Следна Статија Тошковски: Од неопходна важност е градењето и воспоставувањето систем за контрола на легалните и нелегалните текови на оружјето

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Денеска повисоки пензии за 2.500 денари

Денеска повискоки пензии ќе добиваат сите пензионери во земјава. На сметките на над 300 илјади пензионериќе легнат зголемени мартовски пензии…

April 1, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески : Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување

Над 3.200 пријави од невработени лица за мерката самовработување имаме досега, информираше заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.…

June 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Турската компанија Џагатај Кабло ќе инвестира 6 милиони евра во проширување на производството со изградба на нов објект

Турската компанија Џагатај Кабло, која веќе подолго време работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, ќе инвестира 6 милиони евра…

May 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра, целта е работно ангажирање на младите за да останат во Македонија

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе…

August 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?