Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Германската опозиција го обвини Шолц дека ја поттикнува руската пропаганда
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Германската опозиција го обвини Шолц дека ја поттикнува руската пропаганда
СВЕТ

Германската опозиција го обвини Шолц дека ја поттикнува руската пропаганда

Објавено November 16, 2024 22:45
Сподели
Сподели

Германскиот канцелар Олаф Шолц е мета на критики од германската конзервативна опозиција, која денеска го обвини дека придонел за „пропагандата“ на Москва поради неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Путин „ќе разбере дека Шолц го побара повеќе како знак на слабост отколку сила, изјави портпаролот на конзервативната партија ЦДУ, Јирген Харт.

Тој го критикуваше канцеларот дека придонел за „пропагандниот успех“ на Кремљ.

Во петокот Шолц разговараше со Путин по телефон еден час и тоа беше нивен прв разговор по речиси две години.

„Пред се, Шолц сакаше во Германија да се разбере дека тој е тој што се потпира на преговори и дијалог“, рече портпаролот на ЦДУ.

По распадот на германската владина коалиција минатата недела, за февруари беа распишани предвремени парламентарни избори.

Според последните анкети, Социјалдемократската партија на Шолц би освоила 15 отсто, далеку зад конзервативната ЦДУ/ЦСУ, која би освоила 32 отсто.

-Германскиот канцелар побара од Путин Русија да покаже подготвеност да започне преговори со Украина со цел праведен и траен мир, се вели во соопштението на германската влада.

Како што пренесуваат германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до властите, канцеларот сакал да го соочи Путин со реалноста на војната и со критичкиот однос што одредени земји го имаат кон Русија.

Телефонскиот разговор Шолц-Путин предизвика незадоволство во Украина, чии власти го протолкуваа како „обид да се смири“ Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Шолц „ја отворил Пандорината кутија“.

Германија е вториот најголем снабдувач на оружје на Украина по САД, но се воздржува од испраќање оружје со долг дострел во Украина за да избегне ескалација на конфликтот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп пее со Тејлор Свифт: Видео направено со вештачка интелигенција стана вирално
Следна Статија Ангеловска-Бежоска на конференција во Приштина: Индексот на финансискиот развој на ММФ ја позиционира нашата земја меѓу најдобро рангираните во регионот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го уапси осомничениот сторител на фаталното пукање во саботата врз демократска политичарка и нејзиниот…

June 16, 2025
СВЕТ

Ирска: Осуммина осудени за над два тона кокаин вреден 157 милиони евра

Осум лица се осудени на затворски казни од 13,5 до 20 години за учество во најголемата заплена на наркотици во…

July 4, 2025
СВЕТ

Трамп воведува нови царини, најавувајќи „златна ера“ за САД

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ќе започне, како што ја нарекува, „мајката на сите трговски битки“, со воведување нови царини…

April 2, 2025
СВЕТ

Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија

Во комисијата за правосудство на американскиот Конгрес вчера се одржа сведочење на кое истакнати експерти на фондацијата Херитиџ дискутираа како…

July 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?