Им впериле пиштол и ги претепале: нападнати 18-годишник и негова другарка во близина на средно училиште во Аеродрoм

- Advertisement -

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, Б.Л.(18) од Скопје пријавил дека околу 13.30 часот во близина на средно училиште на подрачјето на општина Аеродром, тој и неговата другарка биле физички нападнати од три лица, при што едно од нив вперило пиштол кон него.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Сподели ја оваа статија