Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Mицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: „Сите заедно мораме да го смениме системот“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Mицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: „Сите заедно мораме да го смениме системот“
МАКЕДОНИЈА

Mицкоски во честитката за Рамазан Бајрам: „Сите заедно мораме да го смениме системот“

Објавено March 30, 2025 09:22
Сподели
Сподели

Премиерот, Христијан Мицкоски, упати честитка до муслиманите во државата по повод празникот Рамазан Бајрам.

Дозволете ми од мое лично име и од името на Владата на сите граѓани од исламска вероисповед да Ви го честитам празникот Рамазан Бајрам и да ви посакам добро здравје, радост, среќа, мир и спокој во семејствата.

Рамазан Бајрам е празник на солидарност и хуманост, кој ги учи богатите да се воздржат од личните удобвства и да не ги заборават сиромашните и сираците.

Овој празник значи дека преку добри дела, заемно почитување, трпение и меѓусебно разбирање можеме да го победиме лошото.

Заедно преку соработка, соживот, толеранција, вистински вредности и принципи ќе продолжиме да ја градиме заеднички Македонија во попросперитетна држава.

Нашата заложба како Влада е да ги негуваме културата, традицијата, различностите, но пред сè да реализираме проекти кои значат економски развој и напредок за подобар и поквалитетен живот на сите граѓани.

Сите заедно мораме да го смениме системот кој предолго ги оставал граѓаните без правда, достоинство и еднакви можности. Таа одговорност ја носиме пред сите сегашни, но и пред идните поколенија, да изградиме општество на фер вредности, слободни луѓе и силни институции.

Продолжуваме да ја градиме Македонија и заеднички да создаваме услови за сите.

На сите граѓани од исламска вероисповед им посакувам овие празнични денови да ги поминете во добро расположение, благосостојба и мир“, напиша Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Верниците од исламска веросиповед во земјава го слават Рамазан Бајрам
Следна Статија Трамп: Ќе го земеме Гренланд, 100 отсто, не ја исклучувам можноста за воена сила

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Направени се вонредни инспекциски надзори на неколку универзитети, Мицкоски најавува екипирање на одборите за акредитација и евалуација

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите рече дека не е задоволен од состојбата во која се наоѓа образованието,…

October 26, 2024
МАКЕДОНИЈА

Нови недоследности на обвинителката на рочиште во случајот против Жан Митрев

И на денешното судење обвинителката Искра Хаџи Василева продолжи со веќе редовните навреди на одбраната истовремено барајќи од судот да…

November 13, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сенаторот Џон Кенеди откри дека Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од УСАИД

Републиканскиот сенатор во Конгресот на САД Џон Кенеди тврди дека Македонија добила 3,9 милиони долари за ЛГБТ каузата од Американската…

February 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница

Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се…

May 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?