Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Македонија ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации
СПОРТ

Македонија ја совлада Ерменија и обезбеди пласман во Б дивизијата во Лигата на нации

Објавено October 13, 2024 20:43
Сподели
Сподели

Македонската фудбалска репрезентација во рамките на четвртото коло во Лигата на Нации во групата Ц на гостувањето во Ереван против Ерменија забележа уште една победа од 2-0 со што се зацврсти на првото место во групата Ц на Лигата на Нации.

Мечот започна интересно.По почетниот притисок на домашните фудбалери првото возбудување се случи пред голот на Ермеците.

Во 4 минута од корнер постигнавме гол преку Серафимов, но по прегледување од ВАР собата погодокот на нашиот репрезентативец беше поништен, поради офсајд.

Ерменците запретија со удар од далечина во 22 минута преку Спертсијан, но ударот заврши над голот на Димитриевски.

Убава шанса имаа Ерменците во 31 миннута откако Спертсијан сам беше пред голот на Македонија, но од изгледна позиција го промаши целиот гол.

Нов удар од далечина за Ерменија во 42 минута од некои 18 метри се обиде Зеларијан, но повторно далеку над голот на Димитриевски.

Нова можност Ерменците бараа со удар од далечина во 44 минута преку Бичакчијан, но овој удар беше лесен плен за нашиот голман.

Наголемата шанса на натпреварот Ерменија во првиот дел ја имаше во 45 минута откако по еден добар пробив по левата страна и одлично нафрлување со глава од пет метри за наша среќа голот не го погоди Мираниjан.

Второто полувреме започна со огромна шанса за Ерменците во 49 минута. По уште еден добар продор по левата страна уфрлена топка на пеналтикот и од некои пет метри шутираше Зеларајан, но Димитриевски со феноменална интервенција го спаси нашиот гол.

По еден мирен период и на двете страни,првата шанса и тоа неверојатна ја имаше ЕНис Барди од слободен удар од 63 минута.Директен шут кој со крајни напори успеа да го одбрани домашниот голман, за потоа на одбиената топка ,налета Дарко Велковски и не успеа да реализира.

Пак период на мирна игра и на двете страни, се до 72 минута кога Бојан Миовски со инзворен удар ја затресе мрежата на домашната репрезентација за водство од 1-0 за Македонија.Гол за најавните шпици и минимална предност на нашата репрезентација

Теренската иницијатива ја крунисавме со уште еден гол во 85 минута, откако Елмас продре по страната Алиоски ја прими топката и веднаш ја проследи до Алими кој прецизно биеше за 2-0 за Македонија.

До крајот на натпреварот јалова иницијатива на домашните, но на крајот нашиот национален тим ја обезбеди победата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За ГП „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час
Следна Статија Коста не се сеќава кога последен пат заплакал, има фацијална експресија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Лазаров: Имаме одлична предност пред реваншот со АЕК, но секогаш сум претпазлив

Ракометарите на Алкалоид се подготвуваат за реваншот со АЕК в недела во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Македонскиот претставник од…

May 23, 2025
СПОРТ

Мусовски е спремен за деби настап

Дени Мусовски е новиот македонски репрезентатиевец .Се очекува тој да добие шанса во вечерашниот меч во Данска.Можеби не од почетокот…

March 26, 2026
СПОРТ

Tрансфер бомба: Аргентинец го засили ФК Вардар

Аргентинскиот фудбалер Диего Факундо Кастањеда, е нов играч на Вардар. Станува збор за фудбалер од средниот ред со кога „црвено-црните“…

June 23, 2025
СПОРТ

Диало ќе остане во Јунајтед уште пет години

Манчестер Јунајтед одлучи да го продолжи договорот со Амаду Диало, задржувајќи го младиот играч од Брегот на Слоновата Коска до…

January 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?